Кариерен центар
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
image image image image image
Бескаматен студентски кредит за студентите на ФБЕ

Со цел обезбедување на квалитетно и ефикасно образование достапно за сите, НЛБ Банка, Ви ја  претставува можноста за финансирање на студиите со
Повик за објавување на трудови во Списанието за одржлив развој   Уредувачкиот одбор на Списанието за одржлив развој објавува повик за публикување на трудови за 23-тиот број на списанието.
Упис во академската 2019/2020
Почитувани, отворен е конкурсот за упис во академската 2019/2020-та година. Условите за упис на Факултетот за бизнис економија се:
Публикуван е нов број од Списанието за одржлив развој
Почитувани посетители,
Објавен е новиот, 22-ри број од Списанието за одржлив развој во издание на Факултетот за Бизнис економија. Истиот можете да го погледнете на следниот линк.
ФБЕ и ИБЕ како ко-организатори на Првата меѓународна студентска конференција во Бугарија   Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) и Институтот за бизнис економија (ИБЕ) се ко-организатори на Првата меѓународна студентска конференција “Можности и предизвици на студентската мобилност“, која ќе се одржи на 10-ти октомври, 2019-та година во Софија, Бугарија.

Кариерен центар

Кариерениот центар  во рамките  на Факултетот за бизнис економија – Скопје е основан со единствена цел да ги поддржи студентите во развој на нивните вештини и способности кои се од клучно значење за нивното идно вработување. 

Мисијата на Кариерниот центар е подготовка на студентите на ФБЕ за влез на пазарот на работа, поврзување со работодавачите и овозможување поддршка во стекнување на знаења и вештини кои се потребни во современото деловно работење. Центарот не е директно вклучен во вработување на студентите и дипломците, меѓутоа нуди релевантни информации за добивање на работа, поврзување на студентите и работодавачите, како и организирање на разни обуки и семинари. 

Задачите на Кариерниот центар се:

  • Реализација на пракса во институции-партнери на ФБЕ,  со цел стекнување на нови  знаења и вештини преку практично искуство во јавен, приватен или невладин сектор;
  • Организација на тренинзи и работилници, кои ќе помогнат во личен развој на студентите и за нивен посигурен настап на пазарот на труд;
  • Консултација со советници за кариерен развој, со цел поттикнување на желбата за постојано учење и професионално усовршување;
  • Води евиденција за поранешни студенти (алумни) и организира разни настани за размена на искуства помеѓу поранешни и сегашни студенти;
  • Организира саеми за кариера во рамките на факултетот; 

 

Раководител на Кариерниот центар

д-р Аземина Машовиќ, професор

Email: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Канцеларија бр. 5.