|
Финансиски Менаџмент |
|
|
|
Дипломираниот економист на финансиски менаџмент е оспособен за водење на
менаџерско смтководство и финансии, корпорациски финансии,
инвестиционен менаџмент, финансиски институции, меѓународни финанции,
хартии од вредност и портголио-анализи, стратегиски менаџмент, со
продлабочени занења од областите што ќе ги избере од листата на изборни
предмети за јави финансии, проценка на недвижности, комерцијално
осигурување, управување со трошоците, инвестиции во човечки капитал.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Маркетинг Менаџмент |
|
|
|
Дипломиран економист на маркетинг менаџмент е оспособен за маркетинг -
анализи на однесувањето на потрошувачите, за стратегии и тактики на
формирањето цени, за истражување на пазарот, меѓународен маркетинг, за
маркетинг - информациони системи, со соодветни продлабочени знаења од
областа за која пројавил интерес: дистрибутивни канали, стратегии на
промоција, маркетинг - услуги, маркетинг - канали, електронски бизнис и
слично. Накратко, тој е оспособен и стручен да се јави во улога на
маркетинг менаџер, како на домашниот така и на странските пазари на
работна сила.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Економија на животна средина |
|
|
|
Дипломиран економист на одржлив развој - еколошка економија, е оспособен
за управување со животната средина, за индустриска екологија, економија
на развојот, анализа на трошоци и добивка, за одржливост на користењето
на земјиштето и водните ресурси, за бизнис - стратегии во однос на
животната средина, а стекнува и продлабочени знаења од областите што ги
избира од листата на изборни предмети. Накратко, тој е оспособен и
стручен да се јави во улога на менаџер за заштита и унапредување на
животната средина на микрониво (во претпријатијата) и на макрониво (во
државните институции).
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Регионален и Локален Бизнис Развој |
|
|
|
Дипломираниот економист на регионален и
локален бизнис развој е оспособен да се служи со методолошките алатки:
просторни и регионални планови што ќе му обезбеди можност за визија за
кохезивната интеракција помеѓу локалните, регионалните и европските
активности и иницијативи. Продлабочените знаења од економија на
развојот, регионална и глобална економија, локална самоуправа и јавни
финансии, локален економски развој и планирање, претприемништвото и
развој на малиот бизнис, проектниот менаџмент, кластер бизнис формации и
финансиски ресурси за мали бизниси, ќе му овозможат понатамошно активно
вклучување во градењето на регионалните стратегии и политики на земјата
како процеси кои ги спроведува модерната ЕУ.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Банкарство |
|
|
|
Студиската програма по “Банкарство“ претставува одговор на актуелните
потреби и барања како од страна на банките, така и од небанкарскиот
финансиски сектор. Особено се големи барањата од знаења и настава која
ќе овозможи поголем степен на практично образование согласно потребите
на банките и другите финансиски институции. Ваквата потреба и барања
налагаат формирање на нова образовна програма која, наспроти постојните
образовни студиуми, каде што банкарството и банкарската економија се
релативно малку и несоодветно застапени, ќе овозможи специјализирано и
практично насочено образование во оваа област. Со тоа ќе се пополни
една голема празнина и потреба во високобразовниот систем на Република
Македонија.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|