Skip to content

FBE

факултет за бизнис економија

Дома arrow Образование
Информации за студии
graduation.jpg Факултетот за бизнис економија се стреми да им овозможи на своите кандидати најдобри услови за студирање со цел да постигнат успешни кариери на национално и меѓународно ниво.   

Кандидатите на Факултетот за бизнис економија можат да се запишат на една од четирите студиски програми:

  • Додипломски студии
  • Последипломски студии
  • Докторски студии
  • Образование за возрасни
Овие програми им нудат на кандидатите богата база на знаење и ги квалификуваат за најбараните работни места  на пазарот на труд. Со додипломските, последипломските и докторските студии, како и образованитео за возрасни, го развиваме потенцијалот на кандидатите преку редовни и вонредни студии, како и кратки курсеви.

  • Додипломски студии
    Додипломските студии се базирани на интегриран мултидимензионален пристап за развивање и имплементација на наставните програми преку интерактивни методи на предавање. Учењето преку работа (“Learning by doing”), студентската пракса и меѓународната размена на студенти  обезбедуваат единствен и значаен профил на идни менаџери во областа на маркетинг, финанси, банкарство, финансии на претпријатие, одржлив развој и локален и регионален бизнис развој. Последипломски студииПосле завршувањето на додипломските студии кандидатите имаат можност да го продолжат своето образование на следните последипломски насоки: Економија на бизнис и Еколошка економија-одржлив развој, со времетраење од четири семестри.

     

  • Последипломски Студии

    После завршувањето на додипломските студии кандидатите имаат можност да го продолжат своето образование на следните последипломски насоки: Економија на бизнис и Еколошка економија-одржлив развој, со времетраење од четири семестри.

     
  • Докторски Студии

    На докторските студии се изведуваат програми кои што се застепени на последипломски студии, со цел збогатување и проширување на знаењата и способностите на кандидатите што им овозможува градење на успешна академска кариера или кариера во бизносот и јавната администрација. Конкурсот за пријавување на докторски студии на Факултетот за бизнис економија е континуирано отворен.

     
  • Образование за Возрасни

    Факултетот за бизнис економија е посветен на овозможување на пристап кон високото образование студенти од сите возрасти и профили бидејќи веруваме дека учењето овозможува исполнување на барањата и предизвиците со кои постојано се среќаваме на работа и во секојдневниот живот.

     
  • Курсеви
    Факултетот за бизнис економија нуди кратки курсеви, воглавно по Деловен Англиски, Англиски јазик- писмено комуницирање и Квантитативни методи за економија и бизнис. На овие курсеви, соодветно на потребите,  кандидатите се стекнуваат со конкретни вештини и знаење.