Студенти
Општи Информации
Систем на оценување | Систем на оценување |
|
|
Страница 1 од 3 За да ги добие
потребните бодови во конкретниот предмет студентот треба успешно да ги извршува
задачите поставени од професорите.
Согласно Законот
за високото образование на Република Македонија Факултетот за оценување ќе ја
користи следнава скала:
Доколку студентот не добие 6 или поголема оценка, значи дека не го положил испитот од тој предмет и мора да го повтори. Крајната оценка на предметот може да се оформи врз основа на просечно остварените резултати од крајниот испит и од планираните активности што студентот ги остварил во текот на наставата. Конкретните барања на секој наставен предмет се одредуваат од страна на Факултетот, особено од предавачите. На почетокот на секој семестар овие барања ќе бидат објавени или ќе може да се најдат на веб-страницата на Факултетот. Имено, за ниво на додипломски студии од Бизнис економија, на секоја од насоките се предвидени соодветен (во случајов максимален) број на бодови и кредити. Согласно предложената распределба на кредити, соодветно на вкупниот обем на ангажман на професорите и студентите, во просек од 1500-1800 работни часови за совладување на предвидените наставни содржини во вкупен обем (бројот на предвидени часови настава-екс катедра, вежби осмислени во модули за практична апликација и самостојна работа на студентите за совладување на наставните содржини). Практично, ќе се работи во групи од студенти, со дневен распоред на 5 часови предавања екс-катедра, 3 часови вежби(во соодветна комбинација на предавања и вежби низ практична симулација предвидена во модулите за нивно изведување, секој работен ден од 8-15 часот) и 2-3 часови самостојна работа на студентите (за што ќе можат да ја користат и компјутерската лабораторија на Факултетот, секој ден по завршување на наставата, во период од 15-18 часот). Врз основа на ваквата динамика и распоред на активностите во текот на секој од предвидените 6 семестри ќе се реализира потребниот број од 180 кредити.
|
|||||
| < Претходно | Следно > |
|---|