Огласна Табла
Професори | Професори |
|
|
|
Проф.д-р Антонија Јосифовска Меѓународна економија - Модули 1-2-3
Докторирала на Факултетот во Прилеп 1991 година. Еден мандат била директор на Економскиот институт во Скопје. Во својата скоро триесет годишна научна кариера има изработено над 150 научно-истражувачки проекти од кои 50 се меѓународни. Раководител на последипломските студиии по Меѓународна економија во Економски институт од 1996 година и професор на четири последипломски студии во Економскиот институт-Скопје.
Проф.д-р Весна Стојанова Менаџмент и организација Докторирала на Универзитетот во Загреб во 1987 година, специјализирала на Универзитетите во Болоња и Каљари-Италија. Меѓународно реномиран професор и научник, кој во текот на триесетгодишната кариера има објавено над 200 научноистражувачки проекти, од кои над 50 меѓународни, со десетгодишно искуство во улога на универзитетски асистент/предавач.
Редовен професор на последипломски студии на Економски институт-Скопје и на Универзитетот во Пловдив-Бугарија. Претседател на невладината организација Junir Achievement Македонија и на Центар за банкарско работење.
М-р Блерина Старова Златку Виш лектор по англиски јазик
Магистрирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Веднаш по дипломирањето се вработува во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија како официјален преведувач, а подоцна и како раководител на одделението за меѓународна политика. Десет години е постојан акредитиран преведувач при Европската Комисија а како докажан преведувач и обучувач учествувала на бројни проекти и конференции. Освен македонскиот, албанскиот и англискиот, течно ги владее и францускиот, италијанскиот и шпанскиот јазик.
М-р Ирина Мајовски Виш лектор по англиски јазик
Магистрирала во областа на менаџментот на Сити Колеџ – Универзитет Шефилд во Грција во 2002. Дипломирала на катедрата за Англиски јазик и книжевност и Американски студии при Филолошкиот Факултет во Скопје во 2000. Има богато работно искуство на меѓународни проекти на EAR, ECHO, KfW, UNHCR и др. Има повеќе од двегодишно искуство во предавање на Деловен Англиски во високо образовни институции, како и преводи од областа на економијата.
Проф. Д-р. Michele O’Neill Менаџерско сметководство & IBC - Финансии
Докторирала на Државниот универзитет во Пенсилванија (САД) во 1996 година. Има добиено Фулбрајтова стипендија во времетраење од еден семестар за престој во Скопје, Македонија. Во моментот е вработена како вонреден професор по финансии на Колеџот за бизнис и економија на Универзитетот во Ајдахо, САД. Во 2005 била в.д. директор на UI Vandal Innovation & Enterprise Works (VIEW), универзитетска иницијатива за претприемништво. Нејзините истражувачки интереси вклучуваат претприемништво, меѓународни финансии и финансиски менаџмент. Нејзините трудови биле објавувани во различни списанија. Пред да се приклучи кон UI, четири години била вонреден професор на Универзитетот Санта Клара во Калифорнија и визитинг економист-истражувач во Комисијата за хартии од вредност во Вашингтон за време од една година.
Доц. д-р Слаѓана Стојановска Менаџмент маркетинг
Докторилала на Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) во Скопје, во 2008 година. Веднаш потоа, работи како дел од наставниот кадар на истиот, насока Менаџмент маркетинг. Има големо работно искуство во креирање и реализација на домашни и меѓународни проекти од областа на бизнис секторот. Има објавено 10 научни трудови, од кои 5 се меѓународни.
Хонорарни професори
Макроекономија Проф. д-р Димитар Ефтимоски докторирал во 2002г. од областа на макроекономијата и развојната економија, под наслов: "Човечкиот капитал, економскиот развој и човековиот развој". Има реализирано студиски престои во Словачка, Австрија и на Универзитетот во Оксфорд - Велика Британија, а учествувал и на повеќе домашни и меѓународни научни собири и проекти. Предава на Економскиот факултет при Европскиот Универзитет од Скопје, Студиите по јавна администрација при Универзитетот "Св. Климент Охридски" од Битола, како и на последипломските студии на Економскиот институт од Скопје и Економскиот факултет од Прилеп.
Д-р Наташа Марковска Енергија и животна средина Наташа Марковска дипломирала, магистрирала и докторирала на Електротехничкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје. Во моментот работи како науен соработник во Истражувачкиот центар за енергетика, информатика и материјали при Македонската Академија на науките и уметностите. Нејзините истражувачки интереси се насочени кон стратешките планирања во енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, како и влијанието врз животната средина од разни енергетски технологии, вклучително емисиите на стакленички гасови и опциите за ублажување на климатските промени. Таа е претседател на Националниот комитет за климатски промени. Учествувала на мноштво меѓународни конференции, семинари и обуки од предметната област и има објавено значителен број на трудови воглавно во меѓународни списанија и зборници.
ВИЗИТИНГ ПРОФЕСОРИ Проф. д-р Харли Јохансен Професорот Харли Јохансен е раководител на студиите по географија на Универзитетот во Ајдахо-САД. Специјализиран во стратегии за локален економски развој, стопанства во транзиција, демографија и странски директни инвестиции на искуствата во САД, Македонија, Финска, Русија. Во улога на визитинг професор учествувал на наставата во Летниот Универзитет во Охрид – Економски Институт, Македонија; Јоенсу и Турку Универзитети – Финска; Државен универзитет во Калинград (и на други факултети за менаџмент) – Русија; Кралскиот институт за технологија – Шведска; Универзитет на Латвијач Државен Универзитет на Петербург (и на други три бизнис факултети) – Русија; Државен Универзитет И.И. Мечиков во Одеса – Украина; Оулу Универзитет во Финска; Универзитет во Минесота – САД. Професорот Јохансен е повеќепати наградуван: на Универзитетот во Ајдахо, Награда за извонредни резултати во предавањата во 1991, 1995, 1996; Признание и награда од Географското здружение на Финска, 1999; Панел за оценување на Националната научна фондација – во програмата за општествени науки, САД, 2005. |
| < Претходно | Следно > |
|---|