Огласна Табла
Асистенти | Асистенти |
|
|
|
М-р Марјан Николов Mатематика и статистика Магистрирал на меѓународна економија и финансии на Факултетот за економија и бизнис - Универзитет на Исланд во 2000г. Основач и претседател на Центар за економски анализи - независни истражувачи. Има богато искуство како експерт во мноштво меѓународни проекти на USAID, UNDP, GTZ, LGI/OSI Budapest, Светска банка, ЕАР и др. од областа на макроекономија, фискална децентрализација, квантитативни анализи во економијата и применета економија. Член е на Здружението на енергитичари на Македонија-ЗЕМАК и член на издавачки одбори на стручна периодика.e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
М-р Анета Васиљевиќ-Шикалеска Еколошка економија - одржлив развој Магистрирала на Технолошко-металуршки Факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” - Скопје во 2006 год. Во текот на последипломските студии била ангажирана како демонстратор на технолошко-металуршкиот факултет и активно вклучена како истражувач во повеќе научно-истражувачки и развојни проекти. Остварува бројни престои на универзитети и истражувачки институции надвор од земјата, а постиганите резултати ги презентира партиципирајќи со повеќе трудови на различни симпозиуми и конгреси. Истражувачкиот интерес е насочен кон одржливиот развој и нови полимерни материјали. На Факултетот за бизнис економија е ангажирана како асистент на предметите Математика и Статистика. e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
М-р Тодор Милчевски Урбана економија, Економија на регионални интеграции и Глобална економија
Магистрирал бизнис администрација на Schiller International University,
во Флорида, САД. Активно е вклучен во повеќе проекти од областа на
регионален развој, енергетска ефикасност итн. Претходно бил ангажиран во
кабинетот на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски
прашања. Има учествувано на повеќе обуки, семинари, конференции и сл. од
областа на странски директни инвестиции, регулаторни реформи,
регионален развој, макроекономско моделирање, менаџмент итн. Додипломски
студии има завршено на Економскиот Факултет при Универзитетот “Св.
Кирил и Методиј” во Скопје – насока економија. Зборува англиски јазик и
има основни познавања од германскиот јазик.
М-р Весна Гарванлиева Основи на менаџерско и финансиски сметководство, Менаџерско сметководство Магистрирала во областа Бизнис Администрација – Меѓународен Менаџмент на Универзитетот Лајден, Холандија во 2005. Има искуство како конслултант при изработка на различни финансиски, пазарни и бизнис анализи и студии како и во областа на импементација на странски меѓународни проекти на EAR, USAID, SDC, East West, Care International итн. Член е на Центарот за Економски Анализи, Скопје – тинк танк на независни истражувачи.
Ивана Никифоровска, Раководител на финансии и администрација Макроекономија, микроекономија, претриемништво, глобална економија и меѓународна економија Макроекономија, микроекономија и претприемништво.Дипломирала на Економскиот Факултет при Универзтитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во текот на студиите работела на проекти на истражување на пазарот. Се служи со англискиот,германскиот и основен албански. По завршувањето на факултетот се запиша на постипломски студии на депратмантот “Меѓународна економија“ на Еконoмски Институт - Скопје и едновремено работи во Евро Балкан Институт - Скопје. На факултетот за бизнис економија ангажирана e како асистент за група предмети во областа на економијата, микроекономија, макроекономија и претприемаштво и како одговорна за ЕКТ системот и финансии.e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Љупчо Вангелески Компјутерска обука Дипломирал во 2005 година на Електротехничкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје, на насоката Компјутерска техника автоматика и информатика. Моментално студира постдипломски студии на Факултетот за електротехника и информациони технологии – Скопје на насоката Интернет програмирање. Веќе две години работи како мрежен и систем инжинер во сервис провајдерот Неотел од Скопје, при што посебен интерес насочува кон оперативни системи, мрежни сервиси, системско и мрежно програмирање. Предавач и консултант на проектот на UNDP за имплементација на слободен софтвер во локалната самоуправа во Република Македонија. Зборува англиски и француски јазик. e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Билјана Аврамовска, Секретар-библиотекар Дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје. Има двегодишно работно искуство во бизнис секторот како комерцијалист. Активно го владее англискиот и има основни познавања од германскиот јазик. Запишана е на постдипломски студии на департманот Економски развој и меѓународни финансии на Економскиот факултет во Скопје. Има објавено научен труд од областа на економскиот развој. На факултетот за бизнис економија е ангажирана како помлад асистент и како секретар-библиотекар. e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете |
| < Претходно | Следно > |
|---|