|
|
Водени од светските искуства кои значат квалитетно и ефикасно образование, пред сé од моделот на Интегрираниот Бизнис Курикулум (Integrated Business Curriculum)-курс кој се предава на Државниот Универзитет на Ајдахо-САД (види: www.uidaho.edu) и курсот за Бизнис економија (Business Economics) кој се предава на Универзитетот во Портсмут-Велика Британија (види: www.port.ac.uk), нашата наставна програма за додипломските студии е составена од три студиски години, односно шест семестри. Првите две студиски години се исти за сите студенти (освен за насоката економија на животна средина-во втората студиска година) и се однесуваат на Интегрираниот бизнис курикулум-IBC, додека во последната (третата) студиска година, во зависност од преференците на студентите, дадена е можност за избор меѓу три опции: финансиски менаџмент, маркетинг менаџмент и економија на животна средина. |
 |
|