Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Професори

 

Д-р Димитар Ефтимоски

Економија (микро и макроекономија) и Економија на развојот

Професорот Димитар Ефтимоски докторирал во 2002 година, во областа на макроекономската и развојната теорија. Од 2010 година е редовен професор по економска теорија и економски развој. Има реализирано студиски престои во Словачка, Австрија и Велика Британија, а учествувал и на повеќе домашни и меѓународни научни собири и проекти. На Факултетот за Бизнис економија ги предава предметите Економија (макроекономија и микроекономија) и Економија на развојот. Професорот Ефтимоски е автор на поголем број научни и стручни трудови, книги и учебници, меѓу кои позначаен е учебникот „Економски раст“.

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

 

Д-р Жанина Кировска

Стратегии и тактики за формирање на цените, Одржлив маркетинг, Управување со човечки ресурси

Д-р Жанина Кировска докторирала во 2004 година, на Универзитетот "Св.Климент Охридски", Битола. Има долгогодишното искуство во органите на државната управа при спроведување на владини реформи и градење на институционалните капацитети. Во текот на професионалната работа координира низа проекти, а надградбата ја надополнува со учество на бројни обуки, студиски престои и работилници. Има повеќегодишно искуство во високо-образовната и научно-истражувачка работа. На Факултетот за Бизнис економија во Скопје избрана во наставно звање виш предавач  за група предмети од областа на економските науки, а  ангажирана е и на последипломските и докторските студии на Институтот за Бизнис економија (ИБЕ) со научно звање вонреден професор/Виш научен соработник.

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Д-р Слаѓана Стојановска

Маркетинг Менаџмент, Проектен менаџмент и Бизнис планирање

Професор и научник, кој во текот на триесетиедно годишната кариера има работено во неколку компании, од кои десет години како консултант во компанија за Менаџмент консалтинг, каде своето знаење и искуство од областа на бизнис секторот го инкорпорирала во подготовка и реализација на многубројни домашни и меѓународни проекти. Има објавено над 20 научноистражувачки трудови, од кои 5 се меѓународни. Во 2008 година е избрана за доц д-р на група предмети од областа на маркетинг, проектен менаџмент и бизнис планирање на додипломските студии на Факултетот за Бизнис економија (ФБЕ), а во 2011 година е ангажирана и на последипломските студии на Институтот за Бизнис економија (ИБЕ).

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

 

Д-р Анета Васиљевиќ-Шикалеска

Математика, Статистика и Економетрија

Докторирала во областа на инженерски науки на Универзитетот  “Св.Кирил и Методиј”  во Скопје. Наставната дејност ја остварува како професор по предметите Математика и Статистика, Алатки и техники за управување со животна средина и Индустриска екологија  на Факултетот за бизнис економија, а во текот на последипломските студии била ангажирана како демонстратор на технолошко-металуршкиот факултет. Од 2013 година ангажирана е како доцент/соработник-истражувач на Институт за бизнис економија. Во рамките на научно-истражувачката работа има активно учество како истражувач и координатор во повеќе научно-истражувачки и развојни проекти, остварува бројни престои на универзитети и истражувачки институции надвор од земјата, како и на работилници и летни школи, а постиганите резултати ги презентира партиципирајќи со повеќе трудови на различни симпозиуми и конгреси. Исто така д-р Васиљевиќ-Шикалеска била рецензент во реномирани странски списанија и има искуство како обучувач и во подготовка и евалуирање на проекти. Нејзините области на интерес се околина и заштита на околина, одржлив развој и нови материјали.

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

 

Д-р Биљана Ѓозинска,

Деловно право, Интегриран бизнис пристап -ИБП

Д-р Биљана Ѓозинска докторирала во декември  2012 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, 2012 година во областа на Меѓународното право. Има повеќегодишно работно искуство во високообразовната дејност и во областа на правосудството.

На Факултетот за бизнис економија работи од ноември 2011 година. Пет години ги извршуваше обврските на Секретар на Факултетот. Наставната дејност ја остварува  како професор по предметот Деловно право, Даночно право и даночен менаџмент  и вклучена е во наставниот процес на предметот Интегриран бизнис пристап.  Во 2013 година избарана е како доцент/научен соработник  на Институт за бизнис економија. Во рамките на научно-истражувачката работа има активно учество како истражувач во повеќе меѓународни истражувачки проекти. Исто така д-р Биљана Ѓозинска автор е на повеќе научни трудови и  е  рецензент во меѓународно научно списание.

За директор на Факултетот за бизнис економија избрана е во март 2017 година.

е-mail:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

 

Д-р Крсте Шајноски

Финансии - монетарна и девизна економија

Професорот Крсте Шајноски докторирал во 2009 годинина на Економскиот институт во Скопје. Истата  година  е избран како доцент од областа на монетарната економија на Економски факултет при Универзитетот Гоце Делчев – Штип.  Неговите истражувањa се насочени кон монетарните прашања, девизните проблеми, финансиските пазари. Шајноски има објавено  две книги, два учебника, и една монографија. Во исто време самостојно или во коавторство има изработено повеќе меѓународно научно истражувачки трудови . Во 2016 година е избран за вонреден професор каде на Институтот за бизнис економија и Факултетот за бизнис економија редовно ги реализира предметите „Корпоративни финансии“, „Меѓународни деловни финансии“, „Финансиски пазари и институции“, „Хартии од вредност и портфолио менаџмент“

e-mail:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Д-р Александар Костадиновски

Сметководство, менаџерско сметководство и ревизија

Професорот Александар Костадиновски докторирал во 2009 година на Економскиот факултет при УКИМ – Скопје. Истата година е избран како доцент од областа на сметководството на Економски факултет при Универзитет Гоце Делчев – Штип. Неговите истражувања се насочени на актуелни проблеми од сферата на сметководството и ревизијата. Костадиновски има објавено три учебника. Во исто време самостојно или во коавторство има изработено повеќе меѓународно научно истражувачки трудови. Во 2016 година е избран за вонреден професор на Институтот за бизнис економија и Факултетот за бизнис економија,  каде редовно ги реализира предметите “Основи на сметководство“, “Менаџерско сметководство 1“, “Менаџерско сметководство 2“, “Ревизија“.  

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

 

 

д-р Аземина Машовиќ

Докторирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во април 2017 година, во областа на меѓународен бизнис. Има повеќегодишно работно искуство во високообразовна дејност. Автор e на повеќе стручни и научни трудови објавени во национални и меѓународни списанија и конференции, како и ко-автор на универзитетски учебник. Од 2014 година ангажирана е како секретар на меѓународно научно списание. Нејзиниот едукативен и истражувачки интерес е во областa на стратегиски менаџмент, меѓународна економија и меѓународен бизнис. На Факултетот за бизнис економија работи од октомври 2017 година.

E-mail:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите