Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Администрација

Дипл. соц. раб. Александра Кираца

Студентски прашања

Дипломирала на Филозофски факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” на институтот за социјална работа во Скопје. Има петгодишно работно искуство во приватниот сектор и како студент е ангажирана од страна на Филозофскиот факултет за внесување на база на податоци за кредит трансфер системот (ЕКТС). Активно го владее англискиот и има основни познавања од турскиот јазик. Запишана е на последипломски студии на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, насока Деловно право. На Факултетот за Бизнис економија е ангажирана како референт на студентски прашања.
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

М-р Татјана Лазаревска

Студентски прашања

Дипломирала на Педагошкиот факултет при “Св.Климент Охридски” во Скопје. Има четиригодишно работно искуство во приватниот сектор и како студент има работно искуство во службата на студентски прашањa на Педагошкиот факултет. Активно го владее англискиот и има основни познавања од албанскиот јазик. Запишана е на последипломски студии на институтот за одбрамбени и мировни студии на Филозофски факултет при Универзтитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. На Факултетот за Бизнис економија е ангажирана како референт на студентски прашања.
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

М-р Елена Ивановска

Административен асистент

Магистрирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј.Има повеќегодишно работно во областа на правосудството. На Факултетот за Бизнис економија е ангажирана како административен асистент.

e-mail:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите