Факултетот за бизнис економија се стреми да им овозможи на своите кандидати најдобри услови за студирање со цел да постигнат успешни кариери на национално и меѓународно ниво.
Програмата им нуди на кандидатите богата база на знаење и ги квалификуваат за најбараните работни места на пазарот на труд. Со додипломските студии, го развиваме потенцијалот на кандидатите преку редовни и вонредни студии, како и кратки курсеви.
Додипломските студии се базирани на интегриран мултидимензионален пристап за развивање и имплементација на наставните програми преку интерактивни методи на предавање. Учењето преку работа (“Learning by doing”), студентската пракса и меѓународната размена на студенти обезбедуваат единствен и значаен профил на идни менаџери во областа на маркетинг, финанси, банкарство, финансии на претпријатие, одржлив развој и локален и регионален бизнис развој.
Факултет за Бизнис Економија
Улица „3-та Македонска Бригада“ бр. 66А - Кат 1, 1000 Скопје, Македонија; тел. 389 2 2402160, 2402161 факс: 389 2 2466043
fbe@fbe.edu.mk - www.fbe.edu.mk