Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Виши предавачи

М-р Љупчо Вангелски

Компјутерска обука

Магистрирал на Факултетот за електротехнички и информатички технологии - Скопје, во областа на компјутерска безбедност и интернет програмирање. Во моментот ги завршува своите докторски студии на Факултетот за инженерство и компјутерски науки во Скопје. Фокусот на неговата истражувачка работа се системите за детекција на аномалии во компјутерската безбедност. Дипломирал во Скопје на Факултетот за електротехнички и информатички технологии (2000-2005), а од 2005-та година има стекнато значајно професионално искуство во областа на телекомуникациите, како експерт за GNU/Linux, BSD, мрежни апликации и компјутерска безбедност. Поседува голем број на IT сертификати од овие области, како и бронзен медал на Петтата македонска математичка Олимпијада во 1998-ма година.

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  

 

 

М-р Мартин Стојановиќ

Хартии од вредност и портфолио анализа, Јавни финансии, Економија на регионални интеграции, Интегриран бизнис пристап 1 и 2

Магистрирал Финансии и финансово право на Правниот факултет “Јустинијан Први”. Тековно е студент на трет циклус на студии во областа на Економски науки, при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", Скопје. Во наставата е вклучен како предавач на предмети од областа на финансиите и маркетингот. Активно е вклучен во пишување на проектни апликации за Фондацијата Ново образование за бизнис. Има објавено неколку труда од областа на финансиите.

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 


М-р Мартин Киселички

Маркетинг истражување, Интернет и меѓународен маркетинг, Стратегиски менаџмент, Претприемништво

Магистрирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Економски Факултет во Скопје на насоката Е-бизнис менаџмент. Дипломирал во областa Е-бизнис на Економскиот Факултет во Скопје. Член е во Фондацијата „Ново Образование за Бизнис“, преку која оддржува обуки на теми од маркетинг областа. Има објавено повеќе научни трудови од областа на Интернет маркетинг и е-бизнис и учествувано на меѓународни конференции. Автор на е-книгата „Маркетинг преку социјални мрежи“ која е објавена преку Фондацијата Ново Образование за Бизнис. Активно е вклучен како консултант на повеќе компании за промоција преку социјалните мрежи.

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

 

Д-р Катерина Видова

Англиски јазик 1, Англиски јазик 2

Магистрирала лингвистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, при Универзитетот „Кирил и Методиј“- Скопје.Тековно изработува докторска дисертација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“,од лингвистика,област: морфосинтакса.  Има повеќегодишно работно искуство во високообразовната дејност, како предавач по англиски јазик во струка  во областа на земјоделието, економијата, туризмот. Предавала англиски во Центарот за странски јазици - Скопје. Исто така има искуство во обука по предметот Професионални вештини  на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

 

 

Д-р Николина Трајаноска

Менаџмент

Својата работна кариера ја започна во производна компанија, каде работи како директор на компанија, потоа е избрана за пратеник во Собранието на РМ, а во Министерствто за економија работи  во секторот за индустриска политика. Магистрира во 2006 година, а докторската дисертација на тема ,,Зголемување на конкурентноста на компаниите  преку кластерско организирање и брендирање на производите, ја одбранува во 2010 година. Во 2011 година избрана е во научно-наставно звање доцент по група предмети од менаџмент и претприемништво. Има објавено повеќе од 20 трудови во домашни и странски списанија, учество во бројни меѓународни проекти, како и на меѓународни конференции од областа на конкурентноста  со презентација на свои трудови.