Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

За списанието, општи информации и упатство за објавување труд

Списанието за одржлив развој е интердисциплинарно списание кое ги опфаќа економски, социолошките и еколошките аспекти на одржливост, а се објавува на квартално ниво. Областите на списанието ги опфаќаат трите основи на економската, социјалната и еколошката одржливост. Сите овие аспекти се сметаат како релевантни за објавување на трудови во списанието.

Уредувачкиот одбор прегледува текстови од следниот вид според COBISS класификацијата: Оригинални научни трудови (вклучувајќи оригинални резултати, презентирани според IMRAD шемата); рецензии (анализа, евалуирање и синтеза на веќе објавени информации); кратки научни трудови (вклучувајќи оригинално истражување и резултати) и професионални трудови (ставајќи акцент на употребливоста и имплементацијата на веќе постигнати резултати). Трудовите наменети за конференции не се вклучени во ниедна од гореспоменатите секции. Сите други видови на трудови според COBISS класификацијата нема да се земат во предвид за рецензирање.

Списанието за Одржлив развој официјално од седмиот број се приклучува на реномираната датабаза на EBSCO, во датабазата на CEEOL, како
и во датабазите на Business Source Complete и Sustainability Reference Center. Со тоа, научните трудови објавени во Списанието ќе бидат достапни во горенаведените датабази за цитирање и пребарување од страна на други истражувачи.   

 

Цели

Целите на овој журнал се преку научни сознанија, дискусии и размена на мислења да придонесе кон имплементирање и зајакнување на разбирањето за одржливоста како “состојба на умот” на академската и бизнис заедница. Оваа цел ќе се постигне преку објавување на статии за сите аспекти на профитабилност, социолошко управување и еколошки пријателски бизнис решенија. 

 

Поднесување на труд/статија

Списанието за одржлив развој е квартален журнал кој го објавува Факултет за бизнис економија – Скопје. Сите автори кои своите научни трудови, статии, есеи, прегледи и др. обработуваат некое од наведените тематските подрачја се охрабруваат истите да ги испратат во овој журнал.

Секој труд кој опфаќа било кој трите аспекти на одржлив развој економски, социолошки и еколошки) се смета за релевантен за објавување во ова списание. 

 

Трудовите за поднесување во овој журнал треба да бидат подготвени согласно следниве пропозиции:

  1. Трудови (статии, прегледи и други научни трудови и извештаи) може да се испратат до уредувачкиот одбор само доколку претходно не биле објавени ниту пак ќе бидат објавени во други списанија пред да се испечатат во некој од броевите на Списанието за одржлив развој. Научните трудови и статии треба да имаат најмногу 15 страни (приближно 38 000 карактери со празни места). Маргини: Top – 2,54, Down 2,54, Left - 3, Right – 2,5, Gutter 0 cm, Header – 1,25, Footer – 1,25. Текстот треба да се пишува со проред 1,5 во Cambria единствено на англиски јазик. Насловот на трудот треба да стои во Header на секоја страна од трудот. Фуснотите треба да се напишат со големина 10.

СИМНЕТЕ ГО ТЕМПЛЕЈТОТ ЗА ТРУДОВИ

  1. На првата страна треба да се напише:

    • Името и академската титула на авторот со забелешки во делот за Забелешки (на дното од страната) каде што треба да се објасни академскиот степен, титула, работно место, институција каде авторот е вработен и e-mail адреса

    • Насловот на трудот и

    • Апстракт во 6-8 линии (приближно 200-300 зборови)

    • 5-7 клучни зборови кои ќе ја опишат темата опфатена во трудот, напишани на крајот од апстрактот

    • Соодветна JEL класификација
  1. Цитирањата и забелешките треба да бидат поставени според харвардскиот стил на цитирање - http://guides.is.uwa.edu.au/c.php?g=380288&p=2575702

  2. Табелите, графиците и други илустрациите треба да бидат со наслов и последователно нумерирани со арапски бројки. На долната линија под секој график треба да биде наведен изворот од каде е земен, додека дополнителните коментари и објаснувања треба да бидат напишани во нов ред под цитираниот извор.

  3. Цитирање на библиографијата треба да се направи на крајот од трудот по азбучен редослед, со големина на фонт „10“ и проред „1“

  4. Трудот може да има максимално еден автор и двајца ко-автори.

    НАПОМЕНА: Несредените трудови ќе се враќаат на авторите за да бидат доуредени согласно со горенаведените правила за објавување.

  5. Рецензентската комисија го задржува правото да побара лекторирање на трудот пред објавување, доколку одлучи дека има потреба.
  6. Трудовите пратени за печатење не се враќаат на авторите без оглед дали ќе бидат или нема да бидат печатени

  7. Доколку рецензијата на трудот е позитивна, трудот ќе се печати во првото следно издание на Списанието за одржлив развој.

 

Начин на плаќање:

  • Вработени во институциите на ФБЕ, ИБЕ и НБЕ - 1,500 денари за статија
  • Вработени во високо-образовни институции во Република Македонија - 2,000 денари за статија
  • Странски автори - 3,000 денари

Податоци за уплата

  • Примач: Факултет за бизнис економија
  • Банка на примач: Тутунска Банка
  • Жиро сметка: 210-061017470125
  • Цел на дознака: Објавување на труд во Списание за одржлив развој

 

Документи за поднесување на труд

Документите треба да се поднесат на следната мејл адреса - Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Главен уредник:

Анета Васиљевиќ Шикалеска, Факултет за бизнис економија - Македонија 

Уредувачки одбор:

  • Ричард Готшал, Државен Универзитет на Њу Јорк, Платсбург - САД
  • Примож Певчин, Универзитет на Љубљана, Факултет за администрација - Словенија
  • Јанис Мазаис, Технички универзитет на Рига - Латвија
  • Ивана Милчевска, Факултет за бизнис економија - Македонија
  • Александар Паскалов, АРЕВА - Германија

 

Секретар

Мартин Киселички