Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Програма за студентска пракса

„Факултетот за бизнис економија” на своите студенти од сите студиски години им овозможува да имаат пракса во разни претпријатија, институции и во невладиниот сектор, испратени по избор на студентот и препорака на факултетот во траење од еден месец (студентска пракса) без финансиски надомест.
Главна цел е да им се помогне на студентите да се стекнат со практично работно искуство во текот на своите студии и да се вклучат во секојдневното работење на компанијата како додадена вредност (дополнителна помош при реализацијата на активностите на различните области). Во текот на програмата, студентите ќе се распределат во една специфична област и нивната активност и нивниот план за работа ќе бидат поврзани со секојдневното работење на таа област.

За секој стажант ќе биде подготвена индивидуална програма за целиот период во која ќе бидат вклучени и целите во однос на работите кои треба да се научат. Добро осмислени и документирани цели за учење, кои пак обезбедуваат јасна насока и дефинирани цели за стажантот. 
Студентот треба да има двајца ментори, еден од страна на Факултетот, и еден од страна на Компанијата. Индивидуалните цели и планот за работа треба да се усогласат од страна на двајцата ментори, додека оценката треба, за информативни цели, да се поднесе и до менторот од страна на Факултетот. 

Менторот од страна на компанијата е одговорен да обезбеди насоки за стажантот во однос на неговите активности и да осигура дека истите се во согласност со планот за работа.

Ангажирањето на стажантите се базира на волонтерска работа, при што тие не се вработени во компанијата, а правата и обврските се регулирани во договорот помеѓу Факултетот, Компанијата и стажантот.

Студентите кои можат да стажираат треба да исполнуваат одредени основни услови и да поседуваат одредени суштински карактеристики кои се дефинирани како општи карактеристики за сите вработени на дадената фирма:

Квалификации:

  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Напредни компјутерски вештини
  • Остварен просечен успех од или над 8  („Ц”)
  • Други релевантни дипломи и сертификати за посебни достигнувања или работа на проекти (незадолжително)


Карактеристики:

  • Ориентираност кон успех
  • Ориентираност кон тимот
  • Ориентираност кон корисниците
  • Само-мотивираност
  • Само-дисциплина и ригорозност
  • Превземање на одговорност


На студентот кој ќе стажира во избраната фимра:

  • ќе му се определи ментор во согласност со критеруимите за извршување на практично оспособување на студенти;
  • Пред започнувањето со работа, ќе му се обезбеди запознавање со прописите за заштита при работа, со опасностите поврзани со неговата работа и ќе му  обезбедат соодветни заштитни средства;
  • ќе му се обезбеди практично оспособување кое соодветствува на рамковната програма на високообразовната институција;

 

Студентот/Практикант е задолжен да води дневник кој ќе биде потпишан од определениот ментор.