Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Математика

За кого е наменет курсот

Курсот е наменет за сите матуранти од средните училишта во државата, особено оние кои своето академско образование ќе го продолжат на Факултет за бизнис економија, како и за други заинтересирани поединци.

 

Цели

Наставните содржини на овој подготвителен курс ќе им овозможат на кандидатите, матуранти и особено идни студенти на ФБЕ, да ги зајакнат и обноват познавањата од областа на математиката на гимназиско ниво при што ќе се стекнат со солидна основа и вовед во математиката за економисти.

 

Наставна содржина

На курсот ќе бидат опфатени следните теми:

  • Реални броеви и операции со реални броеви

  • Равенки и неравенства

  • Функции и графици

  • Системи на равенки

 

За потребите на подготвителниот курс ќе биде изработен Прирачник во кој ќе се сублимираат содржините опфатени со курсот.

 

Временска рамка

Курсот ќе трае пет дена со вкупно 15 наставни часа (односно 3 часа x 45 минути/дневно).

 

Цена на курсот

Котизацијата за учество на курсот изнесува 2000 денари по учесник. За групни пријавувања над 3 и над 5 кандидати следуваат соодветни попусти во цената од 10% и 20%.

 

Големина на група

Работните групи ќе се состојат од 10-15 учесници.

 

Пријавување

Пријавувањето е на следниот е-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it