Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Отворен ден на Факултетот за Бизнис економија

Наставниот тим и студентите на Факултетот за Бизнис економија ве покануваат да нè посетите на отворениот ден што ќе се оддржи на 18-ти мај (сабота). Одлуката за избор на факултет е една од најважните одлуки што ќе ги направите во животот, а отворениот ден е најдобриот начин да се запознаете со факултетот и начинот на студирање. Слободно понесете ги вашите родители и пријатели со вас. На отворениот ден на Факултетот за Бизнис економија, вратите се отворени за сите!

Идните студенти ќе имаат можност подетално да се запознаат начинот на студирање и насоките кои ги нуди факултетот преку разговори со нашите професори, предавачи и студенти. Исто така ќе имате можност да ги разгледате просториите на факултетот, односно амфитеатрите, предавалните и лабараториите кои се во склоп на ФБЕ. Повеќето студенти се согласни дека овие први впечатоци се најважни во моментот кога се носи одлуката.

 

Програма:

11:00 - 11:30 - Пленарно обраќање на Деканот на ФБЕ, проф. др. Антонија Јосифовска

11:30 - 12:00 – Презентирање на искуства за студирање на факултетот од сегашни и дипломирани студенти

12:00 - 13:00 – Запознавање со просториите на факултетот и дружба со студентите на ФБЕ

13:00 - 14:00 – Бесплатна обука на тема „Маркетинг преку социјални мрежи“ од страна на м-р Мартин Киселички

 

Останете во тек со случувањата и поврзете се со нас преку Facebook. Доколку сакате да го посетите Факултетот за Бизнис економија, но не сте во можност оваа сабота, тогаш слободно јавете ни се и ќе договориме време за вашата посета. За подетални информации посетете ја нашата веб-страна или побарајте нè на (02) 2402 160 и (02) 2402 161.