Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Отворен ден на ФБЕ


Наставниот тим и студентите на Факултетот за Бизнис економија ве покануваат да нè посетите на отворениот ден што ќе се оддржи на 21-ви август (среда).

Одлуката за избор на факултет е една од најважните одлуки што ќе ги направите во животот, а отворениот ден е најдобриот начин да се запознаете со факултетот и начинот на студирање. Слободно понесете ги вашите родители и пријатели со вас. На отворениот ден на Факултетот за Бизнис економија, вратите се отворени за сите!

Идните студенти ќе имаат можност подетално да се запознаат начинот на студирање и насоките кои ги нуди факултетот преку разговори со нашите професори, предавачи и студенти. Исто така ќе имате можност да ги разгледате новите простории на факултетот, односно амфитеатрите, предавалните и лабараториите кои се во склоп на ФБЕ. Повеќето студенти се согласни дека овие први впечатоци се најважни во моментот кога се носи одлуката.

Програма:

  • 11:00 - 11:15 - Пленарно обраќање на Директорот на ФБЕ, проф. др. Антонија Јосифовска
  • 11:15 – 11:30 – Презентирање на искуства за студирање на факултетот од сегашни и дипломирани студенти
  • 11:30 - 12:00 – Разгледување на просториите на факултетот и дружба со студентите на ФБЕ
  • 12:00 – Бесплатна подготвителна настава на теми Математика, Статистика и Компјутерски науки

 

Останете во тек со случувањата и поврзете се со нас преку Facebook. Доколку сакате да го посетите Факултетот за Бизнис економија, но не сте во можност оваа среда, тогаш слободно јавете ни се и ќе договориме време за вашата посета. За подетални информации посетете ја нашата веб-страна или побарајте нè на (02) 2402 160 и (02) 2402 161.