Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Гостинско предавање на тема “Планирање и оптимизација на производствените процеси”

 

На 19 Декември 2014 година м-р Александар Чадиковски, директор на производство во фабриката Идеал Шипка – Битола/Лакталис ЈИ Европа, одржа гостинско предавање пред студентите на ФБЕ. Прочитајте повеќе...

М-р Чадиковски со студентите сподели дел од своето богато практично искуство во областа на планирање и оптимизација на производствените процеси зборувајќи повеќе за начините на зголемување на продуктивноста на производствените линии. Во текот на предавањето беа наведени повеќе матeматички алатки кои студентите ги изучуваат во текот на наставата, а менаџерите пак ги користат при донесување на важни одлуки во производствените процеси, и во бизнисот воопшто. 

 

Предавањето побуди голем интерес кај студентите, се одвиваше во интерактивна атмосфера, а дадените препораки од гостинскиот предавач беа исклучително корисни за студентите. Ова гостинско предавање, реализирано во рамките на клиничката настава, преставува уште еден  успешен начин на одржување континуирана соработка на ФБЕ со бизнис заедницата во Р. Македонија.