Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
image image image image image
Конкурс за студентска мобилност преку Еразмус+   Согласно Ерасмус+ универзитетскиот чартер за периодот 2014-2020 година и склучените меѓуинституционални Ерасмус+ договори, Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) објавува конкурс за избор на студенти од ФБЕ за студирање во времетраење од еден семестар.
Повик за објавување на трудови во Списанието за одржлив развој   Уредувачкиот одбор на Списанието за одржлив развој објавува повик за публикување на трудови за 21 број на списанието.
Публикуван е нов број од Списанието за одржлив развој
Почитувани посетители,
Објавен е новиот, 19-ти број од Списанието за одржлив развој во издание на Факултетот за Бизнис економија. Истиот можете да го погледнете на следниот линк.
Упис во академската 2018/2019   Почитувани, отворен е конкурсот за упис во академската 2018/2019-та година. Условите за упис на Факултетот за бизнис економија се:
ФБЕ влегува во мрежата на CEEPUS   Факултетот за бизнис економија – Скопје, за учебната 2018/2019 година, се приклучи на проектот CEEPUS (Central European Exchange Program for University Studies), како дел од две мрежи, Managerial Processes and its Optimization and Valuation и Applied Economics and Management.

Акредитирани 4 годишни студии

Одборот за акредитација и евалуација на Високото Образование на Република Македонија донесе решение за акредитација на студиската програма Економија, прв циклус на четиригодишни студии на Приватната високообразовна установа – висока стручна школа „Факултет за бизнис економија“ – Скопје.

Студиската програма е во траење од 8 семестри и претставува прва акредитирана четиригодишна студиска програма од областа на економијата на приватна високообразовна установа во Македонија.

Достапните модули за студирање се:

  • Финансии
  • Маркетинг
  • Сметководство и ревизија
  • Економска теорија

По завршените студии на студиската програма, студентот се стекнува со целосни 240 ЕКТС и со звање Дипломиран економист (анг. Bachelor of Economics), од научно-истражувачко подрајче „Економски науки“.

Додипломските студии се базирани на интегриран мултидимензионален пристап за развивање и имплементација на наставните програми преку интерактивни методи на предавање. Учењето преку работа (“Learning by doing”), студентската пракса и меѓународната размена на студенти  обезбедуваат единствен и значаен профил на идни менаџери во областа на маркетинг, финанси, банкарство, финансии на претпријатие, економски теоретичари и сметководители.

За подетални информации јавете се во службата за студентски прашања на (02) 2402 160 или (02) 2402 161.