Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
image image image image image
Публикуван е нов број од Списанието за одржлив развој
Почитувани посетители,
Објавен е новиот, 21-ви број од Списанието за одржлив развој во издание на Факултетот за Бизнис економија. Истиот можете да го погледнете на следниот линк.
СПИДЕ Финален настан: Сумирање на проектните резултати и комплетирање на проектните задачи   Како дел од проектните активности во рамки на проектот СПИДЕ, финален настан се организираше на 5-6 Декември, во просториите на Институтот за бизнис економија и Факултетот за бизнис економија.
Максимизација на видливоста на резултатите од СПИДЕ проектот преку успешна организација на Мултиплицирачки настан   Во рамки на проектните активности на проектот СПИДЕ, на 4ти Декември, во просториите на Факултетот за бизнис економија беше организиран Настан за промоција на проектните резултати (Мултиплицирачки настан).
Известување за одржување на настан за промоција на постигнатите резултати од проектот “SPIDE”
  Во рамки на предвидените проектни активности од проектот “SPIDE” на 04.12.2018 во просториите на Факултетот за бизнис економија ќе се одржи настан за промоција на постигнатите резултати од проектот (Multiplier Event).
Студенти од Факултетот за бизнис економија освоија прво место на StudentHub настан организиран при Универзитот во Љубљана   Во рамки на проектните активности на проектот СПИДЕ, 4 студенти од Факултетот за бизнис економија учествуваа на 7-дневен настан организиран од Факултетот за администрација (Универзитетот во Љубљана).

Инфо

Факултет за Бизнис Економија
Улица „3-та Македонска Бригада“ бр. 66А - Кат 1
1000 Скопје, Македонија
Mапа

(02) 2402 160; (02) 2402 161

info@fbe.edu.mk

Следете не на 

 

 

Упатство за подготовка на труд

Поднесување на труд/статија

Списанието за одржлив развој е квартален журнал кој го објавува Факултет за бизнис економија – Скопје. Сите автори кои своите научни трудови, статии, есеи, прегледи и др. обработуваат некое од наведените тематските подрачја се охрабруваат истите да ги испратат во овој журнал.

Секој труд кој опфаќа било кој трите аспекти на одржлив развој економски, социолошки и еколошки) се смета за релевантен за објавување во ова списание. 

 

Трудовите за поднесување во овој журнал треба да бидат подготвени согласно следниве пропозиции:

  1. Трудови (статии, прегледи и други научни трудови и извештаи) може да се испратат до уредувачкиот одбор само доколку претходно не биле објавени ниту пак ќе бидат објавени во други списанија пред да се испечатат во некој од броевите на Списанието за одржлив развој. Научните трудови и статии треба да имаат најмногу 15 страни (приближно 38 000 карактери со празни места). Маргини: Top – 2,54, Down 2,54, Left - 3, Right – 2,5, Gutter 0 cm, Header – 1,25, Footer – 1,25. Текстот треба да се пишува со проред 1,5 во Cambria единствено на англиски јазик. Насловот на трудот треба да стои во Header на секоја страна од трудот. Фуснотите треба да се напишат со големина 10.

СИМНЕТЕ ГО ТЕМПЛЕЈТОТ ЗА ТРУДОВИ

  1. Поднесените трудови треба да бидат организирани согласно IMRAD стилот за пишување на научни трудови.
  2. Прва страна согласно со темплејтот за трудови

  1. Цитирањата и забелешките треба да бидат поставени според харвардскиот стил на цитирање - http://guides.is.uwa.edu.au/c.php?g=380288&p=2575702

  2. Табелите, графиците и други илустрациите треба да бидат со наслов и последователно нумерирани со арапски бројки. На долната линија под секој график треба да биде наведен изворот од каде е земен, додека дополнителните коментари и објаснувања треба да бидат напишани во нов ред под цитираниот извор.

  3. Цитирање на библиографијата треба да се направи на крајот од трудот по азбучен редослед, со големина на фонт „10“ и проред „1“

  4. Рецензентската комисија го задржува правото да побара лекторирање на трудот пред објавување, доколку одлучи дека има потреба.
  5. Трудовите пратени за печатење не се враќаат на авторите без оглед дали ќе бидат или нема да бидат печатени

  6. Доколку рецензијата на трудот е позитивна, трудот ќе се печати во првото следно издание на Списанието за одржлив развој.

НАПОМЕНА: Несредените трудови ќе се враќаат на авторите за да бидат доуредени согласно со горенаведените правила за објавување

 

Начин на плаќање:

  • Вработени во институциите на ФБЕ, ИБЕ и НБЕ - 1,500 денари за статија
  • Вработени во високо-образовни институции во Република Македонија - 2,000 денари за статија
  • Странски автори - 3,000 денари

Податоци за уплата

  • Примач: Факултет за бизнис економија
  • Банка на примач: Тутунска Банка
  • Жиро сметка: 210-061017470125
  • Цел на дознака: Објавување на труд во Списание за одржлив развој

 

Документи за поднесување на труд

Документите треба да се поднесат на следната мејл адреса - Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите