Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Повик за учество на настан во Љубљана

Почитувани студенти,

Факултетот за бизнис економија, во рамки на своите активности за вмрежување со образовни институции во Европа, како дел од проектот СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО ЗА ИНОВАЦИЈА И РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВО (СПИДЕ), финансиран од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на Р. Македонија, во рамки на Еразмус+ програмата, реализираше низа проектни активности со цел да им овозможи на студентите нов, иновативен пристап кон студирањето, и квалитет еднаков на европски прифатени стандарди.

Како дел од проектот СПИДЕ во периодот од 22 до 26 Октомври 2018 во просториите на Факултет за администрација при Универзитетот во Љубљана ќе се организира настан за вмрежување и размена на искуства меѓу студентите на Факултет за бизнис економија од Скопје,  Факултет за администрација при Универзитетот во Љубљана; Универзитетскиот колеџ за економија и култура од Рига и Универзитетот за применети науки од Кел.

Сите трошоци поврзани со учеството на овој настан ќе бидат покриени од средствата на проектот.

За учество на погоренаведениот настан проектот СПИДЕ наменски предвиде средства за 4 студенти од Факултет за бизнис економија.

Се повикуваат сите заинтересирани студенти кои од Септември 2018 година ќе се запишат во 3та, односно 4та година на редовни студии да аплицираат за учество на настанот во Љубљана, Словенија. Предност при изборот ќе имаат студентите кои имаат повисока просечна оцена и редовно ја посетуваат наставата. Рокот за пријавување е до 31 Август.

Пријавувањето се врши со искажување интерес за учество на следниве мејлови: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it , This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it . Ве молиме да го напишете своето име и презиме во содржината на мејлот и истиот да го пратите до двете горенаведените мејл адреси.