Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Гостинско предавање на Универзитетот во Љубљана

 

Д-р Анета Васиљевиќ-Шикалеска, на 23 и 25 Октомври, 2018, одржа предавања на тема  “The Circular Economy: Barriers and Opportunities for SMEs” и “Life Cycle Analysis” за група на студенти од додипломски и последипломски студии на Факултетот за администрација при Универзитет во Љубљана (Словенија).

Целта на предавањата беше студентите 1) студентите да се запознаат со концептот на Циркуларна економија и важноста за имплементација на истиот во време кога треба да се прави баланс меѓу економскиот развој од една страна и искористувањето на ресурсите и заштитата на околината од друга страна и 2) студентите да се запознаат со концептот на анализа на животен циклус (LCA) на производ, со различните приоди за анализа на животен циклус на производ, како и со предностите и недостатоците за користење оваа алатка при донесување на одлуки.  

 

Искуствата од престојот се исклучително позитивни бидејќи се овозможи зајакнување на постоечката соработка меѓу Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис економија, каде д-р Шикалеска е вработена, и Факултетот за администрација, и уште повеќе се поттикна мобилноста на студентите и наставниот кадар од овие високо-образовни институции.

Активностите на д-р Васиљевиќ-Шикалеска и престојот на Факултет за Администрација при Универзитетот во Љубљана беа реализирани со поддршка од Еразмус+ програмата.