Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Студенти од Факултетот за бизнис економија освоија прво место на StudentHub настан организиран при Универзитот во Љубљана

 

Во рамки на проектните активности на проектот СПИДЕ, 4 студенти од Факултетот за бизнис економија учествуваа на 7-дневен настан организиран од Факултетот за администрација (Универзитетот во Љубљана).

Целта на овој настан беше да се зголемат претприемачките способности и искуство на студентите, преку низа активности и практични ангажмани. Покрај нашите студенти, учество на настанот земаа студенти од: Факултетот за администрација, Колеџот за Економија и Култура (Рига, Латвија), Универзитетот за применети науки (Кел, Германија).

 

Во рамки на овој настан, главната активност беше креирање на практично функционално бизнис сценарио. Формираните тимови од студенти имаа за цел да создадат бизнис симулација, која ќе понуди реални проблеми со кои би се соочил еден бизнис, и соодветни решенија. Потоа истата беше тестирана и оценета од соодветна комисија составена од професори и други професионалци од секоја од институциите.

Студентите од Факултетот за бизнис економија го освоија првото место на овој настан, притоа стекнувајќи се со посебни признанија за нивниот успех. Ова е принание за квалитетното високо образование кое оваа институција го нуди, и претставува поттик да се продолжи со квалитетна академска и професионална надградба за студентите. Факултетот им честита на студентите за успехот, и им посакува уште поголеми професионални успеси во иднина.