Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

СПИДЕ Финален настан: Сумирање на проектните резултати и комплетирање на проектните задачи

 

Како дел од проектните активности во рамки на проектот СПИДЕ, финален настан се организираше на 5-6 Декември, во просториите на Институтот за бизнис економија и Факултетот за бизнис економија.

Настанот имаше за цел финализирање на сите проектни задачи, и го означи почетокот на подготовката на завршниот извештај. На овој настан присуствуваше најмалку по еден член на проектниот тим од секоја од партнерски организации: Институтот за бизнис економија (во улога на проектен координатор), Факултет за администрација (Универзитетот во Љубљана), Колеџот за економија и култура (Рига, Латвија) и Универзитетот за применети науки (Кел, Германија).

Во рамки на првиот ден од настанот, дискусијата се однесуваше на најважните финансиски и административни аспекти на проектот, и што е она што треба да се комплетира од проектната документација до поднесувањето на финалниот извештај. Потоа, секој од членовите на проектниот тим, ги презентираше целите и резултатите на секоја од проектните компоненти. Во рамки на вториот ден од настанот, партнерите дискутираа за искуствата од имплементирањето на СПИДЕ, како и за одржливоста на проектните резултати и идните можности за соработка меѓу институциите.

Финалниот настан претставуваше последниот настан, како дел од имплементацијата на проектот СПИДЕ, чии резултати веќе се покажаа како доста успешни во имплементирањето на иновативни практики за учење и пракса на студентите.