Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Бескаматен студентски кредит за студентите на ФБЕ


Со цел обезбедување на квалитетно и ефикасно образование достапно за сите, Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) во соработка со НЛБ Банка, Ви ја  претставува можноста за финансирање на студиите со

СТУДЕНТСКИ КРЕДИТ со 0% каматна стапка.

Покрај атрактивните услови за студирање и достапноста на цената, ваквиот начин на финансирање на студиите преку бескаматен студентски кредит е уште една можност за олеснување на домашниот буџет.

На нашите идни и сегашни студенти им  овозможуваме да добијат студентски кредит по брза постапка. Студентскиот кредит е во износ на трошоците за студирање на ФБЕ на годишно ниво со можност истиот да се плаќа на 12 еднакви рати без камата. Во интерес на олеснување на финансирањето на студиите, обврската за плаќање на каматата ја превзема факултетот.

Сите дополнителни информации како и формулари за аплицирање, може да се добијат во просториите на ФБЕ.

Изберете го најповолниот начин за да инвестирате во Вашата иднина и Вашето образование.