Состанок во рамки на проектот „Економија на одржливост“

На 23 Март во организација на Факултетот за бизнис и економија при
Универзитетот во Марибор, се одржа онлајн состанок со учество на 14 членови на
проектниот тим од:
Универзитетот во Фиренца, Високата школа за финансискименаџмент од Загреб, Факултетот за бизнис економија од Скопје, Вилниаус колеџот
од Вилнус, Литванија, и Универзитетот за економија од Катовице.
Состанокот беше организиран како дел од серијата на настани кои имаат за
цел да ја комплетираат подготовката на силабусот и книгата за новиот предмет
„Економија на одржливост“, предвидена како еден од резултатите на проектот. Овој
состанок имаше за цел да се финализираат и презентираат главите кои ќе бидат
составен дел од книгата, како и да се понуди платформа за размена на идеи и
мислења меѓу учесниците, како во поглед на идните проектни активности кои
следат, така и во поглед на административните и технички аспекти на проектот.
Проектот „Економија на одржливост“,
е поддржан од Еразмус+ програмата, под Акцијата КА2. За повеќе информации
поврзани со проектот, неговите цели и очекувани резултати можете да ја посетите
веб-страната: https://econosteam.eu/home/