Реализирана Еразмус+ мобилност на кадар од Факултетот за бизнис економија од Скопје на Универзитетот Едуконс од Нови Сад, Србија
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Реализирана Еразмус+ мобилност на кадар од Факултетот за бизнис економија од Скопје на Универзитетот Едуконс од Нови Сад, Србија


"Во периодот 24-28 мај, 2021 административниот кадар од Факултетот за бизнис економија, м-р Татјана Лазаревска и м-р Елена Ивановска, реализираа Еразмус+ мобилност на Факултетот за бизнис економија при Универзитетот Едуконс од Нови Сад, Србија.

Во текот на мобилноста беа разменети искуства во односна мобилноста на студенти во рамките на Еразмус+ програмата, искуства за кредит трансфер системот и останати прашања кои се однесуваат на унапредување и зацврстување на меѓусебната соработка.

Искуствата од престојот создадоа можност за понатамошна соработка меѓу Факултетот за бизнис економија од Скопје и Факултетот за бизнис економија од Нови Сад, во однос на мобилност на студентите и наставниот кадар, соработка на научно-истражувачки проекти и меѓународната соработка.