Реализирана Еразмус+ мобилност на административниот кадар на ФБЕ на Факултетот за применет менаџмент, економија и финансии од Белград, Србија
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Реализирана Еразмус+ мобилност на административниот кадар на ФБЕ на Факултетот за применет менаџмент, економија и финансии од Белград, Србија


Во периодот 07-11 јуни, 2021 административниот кадар од Факултетот за бизнис економија, м-р Елена Ивановска, реализираа Еразмус+ мобилност на Факултетот за применет менаџмент, економија и финансии во Белград при Универзитетот бизнис академија од Нови Сад, Србија.

 

Во текот на мобилноста беа разменети искуства во односна мобилноста на студенти во рамките на Еразмус+ програмата, искуства за кредит трансфер системот и останати прашања кои се однесуваат на унапредување и зацврстување на меѓусебната соработка.

 

Искуствата од престојот се многу позитивни и отворија можност за зајакнување на понатамошна културна и академска соработка меѓу двете институции.