Посета од University of Agribusiness and Rural Development (UARD) реализирана преку Еразмус + програмата
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Посета од University of Agribusiness and Rural Development (UARD) реализирана преку Еразмус + програмата


Во периодот 28 јуни -02 јули 2021 Факултетот за бизнис економија беше домаќин на делегацијата од University of Agribusiness and Rural Development (UARD) од Пловдив, Р.Бугарија.   Оваа работна посета беше организирана преку Еразмус+ програмата, мобилност на кадар. Во текот на мобилноста гостите од University of Agribusiness and Rural Development (UARD), дел од административниот кадар поврзан со финансии и студентски прашања присуствуваа на работилници и панели за дискусија со нивните колеги од Факултетот за бизнис економија, со цел разменување на нови искуства и методи во административното работење на високи стручни школи, со особен осврт на периодот за време на КОВИД-19 пандемијата. Оваа размена беше прв чекор во соработката помеѓу двете високообразовни институции, со надеж за континуирана идна соработка на ова, и други полиња.