Посета од University of Economy in Bydgoszcz – WSG University реализирана преку Еразмус + програмата
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Посета од University of Economy in Bydgoszcz – WSG University реализирана преку Еразмус + програмата


Во периодот 21-25 јуни 2021 Факултетот за бизнис економија беше посетен од страна на членови на научниот и организацискиот кадар на University of Economy in Bydgoszcz – WSG University  од Полска.  Оваа работна посета беше организирана преку Еразмус+ програмата, мобилност на кадар. Во текот на мобилноста гостите од University of Economy in Bydgoszcz – WSG University  разменија искуства во поглед на соработката на научно-истражувачки проекти и истражувања на нивниот Универзитет во соработка со Факултетот за бизнис економија, со кој имаат ја продолжуваат долгогодишната соработка. Воедно, Еразмус координаторите на двете институтции разменија искуства и модели за поблиска соработка, со цел да се интензивира мобилноста пред се на студенти, но и на административен и научен кадар помеѓу двете високообразовни институции.

Преку оваа посета се отворија нови полиња на соработка помеѓу ФБЕ и WSG University, како на полето на мобилности, така и на научноистражувачкото поле. Оваа продлабочена соработка ќе продолжи и во иднина, преку тековните и идни проекти кои би се реализирале помеѓу двете институции.