Се одржа Втората Меѓународна Еразмус недела на Факултетот за бизнис економија, во соработка со Институтот за бизнис економија
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Се одржа Втората Меѓународна Еразмус недела на Факултетот за бизнис економија, во соработка со Институтот за бизнис економија

 

Во периодот од 30 Август до 3ти Септември 2021 година,

Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис економија беа домаќини на Втората Еразмус+ меѓународна недела во Скопје. На настанот присуствуваа повеќе од 20 претставници на универзитети од Полска, Словачка, Словенија, Бугарија, Португалија, Романија и Германија, кои ги претставија своите универзитети, како и начините и условите за студирање на истите.
 
Целта на меѓународната недела, како и секоја година, беше размена на искуства и споделување на информации поврзани со мобилност на наставнички и административен кадар меѓу универзитетите во Европа, како и зајакнување на постоечките и воспоставување на нови партнерства и можности за идни соработки со една крајна цел- промовирање на меѓународната соработка меѓу високо-образовните и истражувачките институции во Европа. Учениците на настанот  разменија искуства и идеи, се стекнаа со нови сознанија и вештини, но и креираа нови стратегии за најдобри практики во врска со интернационализацијата во високото образование.