Врз основа на член 172 од Законот за високото образование („Сл. Весник на РМ“ бр. 82/18), член 68 и 237 од Статутот и Правилникот за критериумите и постапката за избор во звања, Приватната високообразовна установа – висока стручна школа ФАКУЛТЕТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА Скопје распишува:
Конкурс за избор
на наставници во сите наставни звања
Кандидатите треба да ги исполнуваат условите за избор во наставни звања согласно Законот за високото образование и Правилникот за критериумите и постапката за избор во звања на Приватната високообразовна установа – висока стручна школа ФАКУЛТЕТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА Скопје. Заинтересираните кандидати со пријавата поднесуваат: Биографија, фотокопијасо нотарска заверка на Уверението и Диплома за завршено образование (од сите циклуси), фотокопија со нотарска заверка од Извод од матична книга на родени, фотокопија со нотарска заверка од Уверение за државјанство, листа на објавени научни и стручни трудови и копија од трудовите.
Пријавите се доставуваат на бул. 3-та Македонска бригада бр. 66А, Скопје. Огласот трае 7 (седум) дена од денот на објавувањето.
Integrated Business Faculty
Str. "3-ta Makedonska Brigada" no. 66A - Floor 1, 1000 Skopje, Macedonia; tel. 389 2 402160, 2402161; 2460140 fax: 389 2 2466043
fbe@fbe.edu.mk - www.fbe.edu.mk