Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Вести

Гостинско предавање на тема Глобалната финансиска архитектура и феноменот на сиромаштијата

 

На 17.03.2015 година д-р Ирена Андрееска, (Докторска дисертација од областа на економските науки), а Раководител на Самостојната дирекција за управување со мрежа на филијали на Комерцијална банка АД Скопје, одржа предавање на тема „Глобалната финансиска архитектура и феноменот на сиромаштијата“.

Повик за објавување на трудови во Списанието за одржлив развој

 

Уредувачкиот одбор на Списанието за одржлив развој објавува повик за публикување на трудови за дванаесетиот број на списанието.

ФБЕ добитник на сертификат за најдобра пракса од Еразмус програмата

 

Факултетот за бизнис економија е добитник на сертификат за најдобра пракса при спроведување на Еразмус проект за мобилност од страна на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност. Настанот беше одржан во хотел Александар Палас на 3-ти февруари (вторник).

Публикуван е нов број од Списанието за одржлив развој


Почитувани посетители,
Објавен е новиот број од Списанието за одржлив равој во издание на Факултетот за Бизнис економија. Истиот можете да го погледнете на следниот линк.

 

Гостинско предавање на тема “Планирање и оптимизација на производствените процеси”

 

На 19 Декември 2014 година м-р Александар Чадиковски, директор на производство во фабриката Идеал Шипка – Битола/Лакталис ЈИ Европа, одржа гостинско предавање пред студентите на ФБЕ. Прочитајте повеќе...

Свечено доделување дипломи

 

На 13 Декември 2014 година (Сабота) со почеток во  11.00 часот во Амфитеатарот на Факултет за бизнис економија  свечено беа доделени дипломите за дипломираните студенти. Прочитајте повеќе...

ФБЕ партнер во проектот BEET (Build up skills)

 

Oтпочна со реализација и имплементација втората фаза на Проектот „Build up skills – Builders’ Energy Efficiency Training (BEET)“. Со БЕЕТ, до 2016, се предвидува да се спроведат пет типа обуки во градежниот сектор, а најпрво ќе се обучат тренери, кои потоа своето знаење ќе им го пренесат на работниците. 

ФБЕ на Саем за чиста енергија

 

Факултетот за Бизнис економија ќе учествува на “Саем за млади за чиста енергија” кој ќе се одржува во ЕУ инфо центар, Скопје на 25ти и 26ти Јуни, 2014.

Целта на Саемот е да се поврзат младите луѓе со компании кои работат на обновлива енергија и универзитети кои нудат студии од истата област. Саемот ќе претставува средба на побарувачката (студентите) и понудата (универзитети и компании) на пазарот на трудот за "чиста енергија".

Студенти на ФБЕ во посета на Македонската берза

 

Студентите од втора и трета година на Факултетот за Бизнис економија беа во едукативна посета на Македонска берза АД Скопје на 30 мај. Студентите имаа прилика да се запознаат со основните функции на работењето на берзата, историјатот и постапката на котација и тргување со акции и обврзници.

Гостинско предавање на тема „Регрутација и селекција на кадри за вработување“

 

На 19.05.2014 година д-р Коста Котески, советник за странски пазари на директорот на Реплек АД Скопје, одржа предавање на тема Регрутација и селекција на кадри за вработување. Студентите на Факултетот за бизнис економија беа запознаени со најсовремените применувани методи и техники на регрутација и селекција на кандидати со цел да се одберат соодветните кандидати за одредена позиција како и со процесот на следење на нивните понатамошни резултати во компанијата.

Страница 6 од 7

6