Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Вести и настани

Предавач на ФБЕ - беше дел од ЕРАЗМУС програмата за размена на наставен кадар

Во рамките на програмата Еразмус Факултетот за бизнис економија има склучено меѓуинституционални договори за соработка, студентска размена и мобилност на кадри со повеќе универзитети ширум Европа. Како дел од оваа програма м-р Тодор Милчевски, предавач на ФБЕ, во периодот од 4ти до 8ми Март, 2013, престојуваше на Универзитет за економија во Вроцлав (Wroclaw University of Economics ), Полска, каде одржа повеќекратни предавања за регионална политика и институционална рамка за регионален развој, како и за подготовка на предлог проекти за регионален развој.

Во текот на овој престој м-р Милчевски оствари контакти со повеќе истакнати професори на Универзитетот во Вроцлав за можноста за продлабочување на понатамошната соработка.

Исто така, преку воспоставените контакти со претставниците на регионалните власти Милчевски се здоби со сознанија за пристапот на Полска кон регионалниот развој што, согласно целите на оваа програма, ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на образование во двете високообразовни институции но и кон севкупно збогатување на искуствата на нашата држава во однос на регионалните политики и регионалниот развој.


 

Презентација на документ за јавна политика

 

На 31 јануари 2013 година, во просториите на Факултетот за бизнис економија се одржа јавна презентација на изработениот документ за јавна политика: „Унапредување на политиките за регионален развој на Р. Македонија – Споделување на Германските и Словенечки искуства“. Презентацијата беше дел од успешно спроведените активности на истражувачкиот проект, финансиран од Европскиот Фонд за Балканот, дел од „Think & Link 2011/2012“ програмата. Истражувачкиот процес траеше 9 месеци и вклучи две студиски посети на истражувачите во Словенија и Германија.

Истражувачкиот тим беше составен од: постар истражувач проф. д-р Весна Стојанова, помлади истражувачи м-р Тодор Милчевски и м-р Ивана Никифоровска, и асистент истражувачи м-р Мартин Стојановиќ и Томче Чалоски.

Повеќе можете да прочитате на следниот линк.

Промоција на дипломи на Факултет за бизнис економија

На 15.01.2013 во просториите на Факултетот за Бизнис Економија, беа доделени дипломите на четвртата генерација дипломирани студенти на ФБЕ.

Искрени честитки за постигнатиот успех и се наубаво во понатамошните кариери.

Пријатната атмосфера од одржаната промоција можете да ја доловите преку сликите во делот Галерија на нашата веб страна - Промоција на студенти - 2013

 

Обука за квантитативни методи за бизнис и економија

Факултетот за Бизнис Економија организира обука под наслов „Квантитативни методи за бизнис и економија“.

Обуката е наменета за вработени во сметководствени/финансиски оддели на компании, банки, јавни претпријатија, невладини организации, но и сите други заинтересирани поединци.

Програмата на оваа обука ќе им овозможи на учесниците да се запознаат со примената на математичките и статистичките алатки во различни области на бизнисот и економијата при што ќе бидат опфатени следните теми:

  • Временска вредност на парите
  • Економски функции
  • Квантитативни техники на истражување
  • Статистичка оценка-големи и мали примероци
  • Анализа на портфолио
  • Регресиона анализа и корелација
  • Временски серии и предвидување

Обуката ќе се спроведе во попладневните часови на 19, 20, 21 и 22 Февруари, 2013 година во Скопје во просториите на Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) – Скопје.

Котизацијата за учество на обуката изнесува 3000 денари по учесник, а во цената се вклучени четиридневна обука (3 часа x 40 минути на ден), материјали за обуката и кафе паузи.

Рокот на пријавувањето за учество е до 08 Февруари 2013 година на следниот е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Преземете ги информациите во pdf.

 

Известување за заверка на семестар

Се известуваат сите редовни и вонредни студенти на ФБЕ дека заверката на зимскиот семестар се врши во периодот од 03.12.2012 до 20.12.2012, со уплата на 50 евра во денарска против вредност, според средниот курс на НБРМ на денот на уплаќањето, и задолжително доставување на уплатницата во службата за студентски прашања.

Задоцнетата заверка на семестарот (по 20.12.2012) е 100 евра.

Студентите кои нема да го заверат зимскиот семестар немаат право да полагаат испити во февруарската испитна сесија.

Обука за пишување на предлог проекти

 

 

Почитувани,

Како резултат на големиот интерес за првата обука на тема „Подготовка на предлог проекти (Project proposal writing)" која се спроведе на почеток на ноември, ФБЕ во соработка со ГИЗ организира втора обука на истата тема.

Ве покануваме да земете учество во обуката на тема „Подготовка на предлог проекти (Project proposal writing)" која ќе се спроведе на 04 и 05 декември 2012-та година во Скопје, во просториите на Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) – Скопје.

Обуката е наменета за претставници на Центрите за регионален развој, ЛЕР канцелариите од општините, локални/регионални организации кои работат на поддршка на бизнис секторот, како и невладини организации кои работат на полето на регионален развој.

Програмата на оваа дводневна обука ќе им овозможи на нејзините учесници да ги подобрат своите знаења за начин на следење на повици за проекти; подготовка за пишување на предлог проекти; анализа и дефинирање на проблеми, цели и заинтересирани страни; оправданост за реализација на проект; подготовка на проектни активности; подготовка на временска рамка; дефинирање на резултати и аутпути; подготовка на буџет; поднесување на апликација; евалуација на проекти.

Обуката ќе биде спроведена од страна на ФБЕ (www.fbe.edu.mk), а со финансиска поддршка од GIZ. Котизацијата за учество изнесува 800 денари по учесник, а во цената се вклучени дводневна обука (по 6 часа на ден), материјали за обуката, кафе, вода и закуска.

Рокот за пријавување е 26.11.2012 година. Бројот на учесници е ограничен!

На следниов линк можете да погледнете куса информација за програмата. За дополнителни информации обратете ни се на контактите во документот во прилог или на контакт имејлот на нашата интернет страница.

Срдечен поздрав,
Факултет за Бизнис Економија

 

Како би можела ЕУ подобро да дејствува во вашата земја/Балканот

Во рамките на проектот viEUpoint објавен е повик за младите за изготвување студија на случај со главен фокус на заложбите на EU во земјите од Југоисточна Европа и обезбедување конструктивен критицизам на овие заложби во однос на сопствената земја или на Балканот како целина. Доколку имате идеја како ЕУ би можела да го подобри своето дејствување во земјите на Балканот, сте на возраст од 18 до 30 години и сметате дека ЕУ треба да го чуе вашето размислување аплицирајте и освојте ја првата награда. Повеќе за повикот и начинот на аплицирање прочитајте на следниот линк.

Факултет за бизнис економија
 

Конкурс за студентска мобилност во рамки на програмата ЕРАЗМУС - летен семестар 2012/2013

Согласно Еразмус универзитетскиот чартер за 2010-2013 година бр. 256302-IC-1-2010-1-MK-ERASMUS-EUC-1 и склучените меѓуинституционални Еразмус договори, Факултетот за бизнис економија објавува оглас за избор на студенти за студентски престој во времетраење од еден семестар во летниот семетар во академската 2012-2013 година на следните високообразовни институции:

  • Ekonomicka Univerzita v Bratislave (University of Economics in Bratislava), SK BRATISL 03 http://www.euba.sk/?hl=en 3 места

 

Критериуми за избор:

  1. Студентот да е државјанин на Република Македонија;

  2. Студентот да има статус на редовен студент на Факултетот за бизнис економија;

  3. Студентот да биде запишан најмалку во втора студиска година;

  4. Остварениот успех за време на досегашното студирање;

  5. Најмалку една препорака од наставник на ФБЕ;

  6. Активно познавање на англиски јазик влучително и добиените оценки по предметите English Language.

 

Заинтересираните студенти може да се обратат за информации кај Еразмус координаторот м-р Билјана Аврамовска, до кого се доставува и апликацијата. Кон апликацијата се доставува и мотивационо писмо, а пожелно е да се достави и потврда за познавање на англиски јазик.

 

Крајниот рок за аплицирање е 20 ноември 2012 година.

Факултет за бизнис економија, Скопје

 

 

Конкурс за студентска мобилност во рамки на програмата ЕРАЗМУС - зимски семестар 2013/2014

КОНКУРС ЗА СТУДЕНТСКА МОБИЛНОСТ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС

 

Согласно Еразмус универзитетскиот чартер за 2010-2013 година бр. 256302-IC-1-2010-1-MK-ERASMUS-EUC-1 и склучените меѓуинституционални Еразмус договори, Факултетот за бизнис економија објавува оглас за избор на студенти за студентски престој во времетраење од еден семестар во зимскиот семетар во академската 2013-2014 година на следните високообразовни институции:

 

Критериуми за избор:

  1. Студентот да е државјанин на Република Македонија;

  2. Студентот да има статус на редовен студент на Факултетот за бизнис економија;

  3. Студентот да биде запишан најмалку во втора студиска година;

  4. Остварениот успех за време на досегашното студирање;

  5. Најмалку една препорака од наставник на ФБЕ;

  6. Активно познавање на англиски јазик влучително и добиените оценки по предметите English Language.

 

Заинтересираните студенти може да се обратат за информации кај Еразмус координаторот м-р Билјана Аврамовска, до кого се доставува и апликацијата. Кон апликацијата се доставува и државјанство и мотивационо писмо, а пожелно е да се достави и потврда за познавање на англиски јазик.

Крајниот рок за аплицирање е 22 април 2013 година.

 

 

Факултет за бизнис економија, Скопје


Конкурс за студентска мобилност во рамки на програмата ЕРАЗМУС - летен семестар 2013/2014

КОНКУРС ЗА СТУДЕНТСКА МОБИЛНОСТ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС

 

Согласно Еразмус универзитетскиот чартер за 2010-2013 година бр. 256302-IC-1-2010-1-MK-ERASMUS-EUC-1 и склучените меѓуинституционални Еразмус договори, Факултетот за бизнис економија објавува оглас за избор на студенти за студентски престој во времетраење од еден семестар во летниот семетар во академската 2013-2014 година на следните високообразовни институции:

 

Повеќе...