Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Вести и настани

Учество на меѓународна работилница за користење на нанокомпозитни материјали за пакување на храна, Валенција (Шпанија)

М-р Анета Васиљевиќ-Шикалеска учествуваше на работилница со меѓународен карактер со две презентации (усмена и постерска). Работилницата беше на тема “Нови стратегии за развој на полимерни нанокомпозитни материјали за пакување на храна и дефинирање на можните критични интеракции на наноматеријалот со храната”.

Агендата и книгата со апстракти можете да ги погледнете на следните линкови:

http://www.costfa0904.eu/public/files/book_of_abstracts_website_definitive_valencia2012.pdf

http://www.costfa0904.eu/cnr-ictp/html/61/

 

Учество на предавач на ФБЕ на меѓународна конференција во Валендар (Германија)

М-р Адријана Булевска, предавач на ФБЕ,  учествува на конференцијата Campus for Finance Private Equity Conference, на тема “Heading for new shores-Crisis as a chance”. Конференцијата е организирана од WHU – Otto Beisheim School of Management, а ќе се одржи од 11 до 12 Април, 2013 год. во Валендар (Германија).


Повеќе за конференцијата можете да ја прочитате на следниов линк.

 

Учество со орална презентација на меѓународна работилница за наноматеријали, Вроцлав (Полска)

М-р Анета Васиљевиќ-Шикалеска одржа предавање на меѓународна работилница за технологии за добивање и функционални својства на наноматеријали за пакување на храна во Вроцлав (Полска) од 11 до 13 Септември 2012.

Целосната програма моѓете да ја превземететука.

Доделување на ваучери за купување компјутери

Почитувани студенти,

Факултетот за бизнис економија е дел од проектот на Владата на Република Македонија, за доделување на вредносни бонови - ваучери за набавување на компјутери за потребите на редовните студенти.

Можност да аплицираат за добивање на ваучери за набавување на компјутери имаат следниве категории на студенти:

  1. Редовните студенти кои за прв пат оваа година запишале трета година на студии, а кои живеат во социјално загрозени семејства, односно семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош и право на парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа или семејствата во кои вкупните месечни приходи не се поголеми од 12.000 денари и

  2. Сите студенти евидентирани како лица со посебни потреби запишани на студии во учебната 2012/2013 година на високообразовните установи во Република Македонија.

Заинтересираните студенти,кои ги исполнуваат условите треба да достават барање и доказ дека се од социјално загрозено семејство (потврда издадена од Центарот за социјални работи или уверение издадено од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи од претходната година за двајцата родители или старатели на студентот поединечно и за самиот студент), односно потврда дека се евидентирани како лица со посебни потреби најдоцна до 15 октомври 2012 година, по што ќе следува постапката за доставување на потребната документација до Министерство за образование и наука и проверка на исполнетост на условите за доделување на вредносните бонови.

Вредносните бонови - ваучери ќе бидат за еднократна употреба, во износ од 15.500 денари и ќе се употребат како учество за купување на компјутери: лаптоп, десктоп или таблет.

Одговорно лице за информации и собирање на документација: м-р Биљана Ѓозинска,email: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Учество на виш предавач од ФБЕ на конференција за менаџмент и инженерство

Д-р Слаѓана Стојановска, виш предавач на “Факултетот за бизнис економија”, учествуваше на X-тата меѓународна научна конференција ,,Менаџмент и инженерство 12 (ISCME 12)”.

Конференцијата се одржа во Созопол (Бугарија) од 17 до 20 јуни 2012 каде д-р Стојановска учествуваше со два научни труда со следните наслови: (1) Македонската компаниска софистицираност и конкурентност низ соседните земји во регионот и (2) Состојби и перспективи на македонскиот кластерски развој во глобални рамки и регионот.

Целосната програма на конференцијата можете да ја преземете на следниот линк.

ФБЕ во медиумите (објавено од Фокус)

"Факултет за бизнис економија - препознатлив по квалитетното бизнис-образование и по цената" е насловот на прилогот објавен во денешното издание на дневниот весник Фокус. Според Фокус, напредните и светски признаени програми кои во континуитет се применуваат во образовниот процес на факултетот резултираат во квалитетно образование што се одразува во висока стапка на вработеност на веќе дипломираните студенти. Меѓу другото,во прилогот е истакната и рангираноста на факултетот на 8-мото место на Шангајската листа на МОН, од вкупно 19 високообразовни институции во Република Македонија, односно на високото 3-тото место од приватните институции на истата листа.

Преземете го целиот прилог на следниот линк - Прилог во Фокус - 17.08.2012

Резултати од анкетата за системот за е-учење

Факултетот за бизнис економија, од минатата година воведен систем за електронско учење по предметот Компјутерска обука во прва година, достапен на https://e-learning.fbe.edu.mk. Преку истиот, студентите можат не само да ги следат предавањата и вежбите, туку и интерактивно да се вклучат во наставата преку:
  • Пристап до дополнителни материјали за учење ;
  • Полагање на online тестови и проверка на знаењето ;
  • Прикачување и испраќање на практични проекти ;
  • Преглед на резултатите од колоквиумите и испитите, како и конечните оценки;
  • Информации и консултации со предавачот ;
  • Лесен пристп да останати известувања и вести за предметот, форум и дискусија ;
  • Канализирани информации за настани поврзани со тематиката на предметите.
 
Со цел да го унапредиме системот и да го прошириме со останатите предмети, направивме анонимна анкета во која беа вклучени 43 сдуденти на додипломски студии од прва година (редовни и вонредни). Во прилог ги прикажуваме резултатите од анкетата, преку кои што се гледа дека студентите го поздравуваат воведувањето на еден ваков систем кој значително им помага во подобро следење на наставата и постојана поврзаност со сите информации за предметите, каде и да се, само со пристап до Интернет.
 
На прашањата поврзани со функционалноста и ефикасноста на системот, еве како во просек одговорија нашите студенти:
(оценките се од 1 до 5, 1 – воопшто не, 2 – не, 3 – делумно, 4 – да, 5 – да, премногу)
 
1. Дали имавте потешкотии со пристапувањето до системот?
1,7 / 5
2. Дали имавте потешкотии со регистрација на системот?
1,9 / 5
3. Дали имавте потешкотии со користење на системот?
1,5 / 5
4. Дали имавте корист од користење на системот?
4,4 / 5
5. Дали беше наставниот материјал лесно достапен?
4,2 / 5
6. Дали имавте корист од online тестовите за проверка на знаењето?
4,4 /5
7. Дали имавте проблеми со работењето после регистрацијата?
1,7 / 5
8. Дали ги следете вестите и известувањата?
3,3 / 5
9. Дали ви беше убаво објаснето како да го користите системот?
4,3 / 5
10. Дали системот ви помогна во совладување на материјалот?
4,6 / 5
 
 
 
На прашањето кои дополнителни функционалности сакаат да ги видат студентите во иднина, најмногу студенти истакнаа дека им се потребни тестови и проверки со одговарање, а не само со заокружување како што беше до сега, што посебно го истакнува позитивниот ефект кој што го има овој систем во охрабрувањето на студентите за поголема вклученост во наставата. Од 43 студенти, дури 39 одговориле дека сакаат да ги видат сите предмети поставени на системот.

 

 
Испитувањето на мислењето на нашите студенти е континуиран процес на Факултетот за бизнис економија. За таа цел, од следниот семестар, студентите од прва и втора година ќе ги имаат достапни на порталот за електронско учење материјалите по сите предмети. Оваа анкета ни помогна да ги идентифицираме вистинските потреби на нашите студенти и да се фокусираме на нивно целосно задоволување. Дополнително ќе работиме на подобрување на системот во неколку насоки:
  • воведување на тестови со одговарање
  • воведување на видео записи од предавањата
  • прилагодување на системот да биде лесно достапен на мобилни телефони (smartphones – Android, iPhone, итн.),
  • поедноставување на системот и згоремување на искористливоста.
 
Со тоа ќе и овозможиме на нашите студенти да добијат полесен пристап до наставните содржини, истовремено заштедувајќи им значително време за проверка на резултати, консултации или пребарување на информации поврзани со предметите на факултетот.

Скратено работно време

Почитувани,

Ве известуваме дека во петок, 13 јули 2012 година, "Факултетот за бизнис економија" ќе работи со скратено работно време, од 08:00 до 12:00 часот.

Повик за практична настава во ЕВН Македонија

Почитувани студенти,

Во прилог е повик за практична настава во ЕВН Македонија. Ве потсетуваме на Вашата обврска за најмалку триесет дневна практична настава во институција/фирма, како услов за запишување на повисока студиска година.

Документи за практична настава можете да земете во канцеларија бр.17, кај м-р Биљана Ѓозинска.

Линк до огласот.

Активности на кадарот на ФБЕ во областа на одржлив развој

Дел од наставниот кадар на ФБЕ активно учествува и во реализација на проекти од областа на одржлив развој. М-р Анета Васиљевиќ-Шикалеска, во улога на координатор и експерт на проектот “Примена на практики за управување со отпад и неговото користење како обновлив извор на енергија” спроведуван од фондацијата Ново образование за бизнис и поддржан од канцеларијата на Светска банка, досега посети повеќе од 20 средни училишта во државата. Реализирани се интерактивни работни средби преку презентации, отворени и конструктивни дискусии и спроведени се евалуации од страна на учениците и присутните наставници. Идејата на проектот да се запознаат учениците со стратегијата за управување со отпад и можноста за користење на отпадот како обновлив извор на енергија предизвика значителен интерес, ги мотовираше учениците да размислуваат во таа насока и поттикна нивни сопствени предлози за понатамошно проширување и продлабочување на темата.