Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Вести и настани

Предавачите на ФБЕ ја продолжуваат својата активна улога во областа на претприемништвото

М-р Ивана Никифоровска, предавач на Факултетот за Бизнис Економија на 12 мај во Неготино оддржа обука на тема: „Претприемништво и иновации“.
Обуките се поддржани од страна на Бирото за развој на образованието, а се наменети за професорите од средните училишта со главна цел воведување на иновативни елементи во наставата. Во прилог на оваа обука м-р Ивана Никифоровска до крајот на месец Јуни ќе одржи уште 3 дополнителни обуки на територијата на Република Македонија.

Регионална Конференција: „Политики на вработување во Југоисточна Европа: ситуации и предизвици“

М-р Тодор  Милчевски, предавач на ФБЕ учествуваше на регионална  конференција на тема „ Политики на вработување во Југоисточна Европа: ситуации и предизвици“, која се одржа во Софија, Бугарија на 22ри и 23ти Мај 2012. Конференцијата беше организирана од страна на фондацијата Friedrich Ebert Stiftung, како дел од регионалниот проект за односи помеѓу работната сила и социјалниот дијалог во Југоисточна Европа.


На конференцијата присуствуваа претставници од владите, синдикатите, здруженијата на работодавци и експерти од Југоисточна Европа. Панелите за дискусија врз база студии за политики за вработување кои се практикуваат во 10 земји од ЈИЕ. Овие студии се публикувани од фондацијата Friedrich Ebert Stiftung и во истите авторите дават преглед на своите наоди во однос на темата покриена во соодветната студија. Дискусиите на конференцијата воглавно беа насочени кон тенденцијата кај вработеноста и невработеноста, активните и пасивните мерки кои се превземаат на пазарот на труд, социјалниот дијалог во областа на вработувањето и промените кои е неопходно да се направат со цел да се постигне  инклузија на работната сила на пазарот на труд.

Учество на предавач од ФБЕ на Интернационална конференција за нови нанокомпозитни материјали

М-р Анета Васиљевиќ-Шикалеска, предавач на ФБЕ, ќе учествува на  Интернационалната конференција за Нанокомпозитни материјали. Настанот ќе се одржи во рамките на Универзитетот Кранфилд, Бедфордшир (Англија) од 2ри до 4ти Јули 2012. М-р Васиљевиќ-Шикалеска е поканета да одржи предавање за нови нанокомпозитни материјали на база на полимерни бленди. Целосната програма на конференцијата можете да ја погледнете на следниот линк:

 

Повик за објавување на трудови во Списанието за одржлив развој

Уредувачкиот одбор на Списанието за одржлив развој објавува повик за публикување на трудови.

Краен рок за поднесување на трудовите е 15 август 2012 година. Трудовите треба да бидат на англиски јазик.

Упатството за подготовка на трудовите како и сите дополнителни информации можете да ги превземете на следниот линк.

Конкурс за студентска мобилност во рамки на програмата ЕРАЗМУС - зимски семестар 2011/2012

Согласно Еразмус универзитетскиот чартер за 2010-2013 година бр. 256302-IC-1-2010-1-MK-ERASMUS-EUC-1 и склучените меѓуинституционални Еразмус договори, Факултетот за бизнис економија објавува оглас за избор на студенти за студентски престој во времетраење од еден семестар во зимскиот семетар во академската 2012-2013 година на следните високообразовни институции:

Универзитетот во Марибор, Словенија, Факултет за економија и бизнис (University of Maribor, Faculty of Economics and Business) - 1 место

Универзитетот за економија во Вроцлав, Полска (Wroclaw University of Economics) - 2 места

 

Критериуми за избор:

  1. Студентот да е државјанин на Република Македонија;

  2. Студентот да има статус на редовен студент на Факултетот за бизнис економија;

  3. Студентот да биде запишан најмалку во втора студиска година;

  4. Остварениот успех за време на досегашното студирање;

  5. Најмалку една препорака;

  6. Активно познавање на англиски јазик влучително и добиените оценки по предметите English Language.

 

Повеќе информации за институциите можете да добиете на следните веб страни:

University of Maribor: http://www.uni-mb.si/podrocje.aspx?id=0&langID=1033

Wroclaw University of Economics: http://www.ue.wroc.pl/english/

 

Потребните документи за аплицирање, формата на апликацијата и форmатот на CV може да се добијат кај Еразмус координаторот.

Апликацијата се поднесува до Билјана Аврамовска, Еразмус координаторот на Факултетот за бизнис економија. Кон апликацијата се доставува и мотивационо писмо, а пожелно е да се достави и потврда за познавање на англики јазик.

 

Крајниот рок за аплицирање е 01 јуни 2012 година.

 

Факултет за бизнис економија, Скопје

 

Известување за 24-ти и 25-ти мај

Согласно Законот за празници на Република Македонија, 24 мај 2012 година( четврток) е неработен ден.

На 25 мај 2012 година (петок) на Факултетот за бизнис економија ќе се одржат закажаните испити согласно објавениот распоред!

Факултетот ќе работи од 9.30 до 13.00 часот.
Службата за студентски прашања нема да работи!

Официјалното соопштение, можете да го превземете на следниотлинк.

Скопје, 21 мај 2012
Факултет за бизнис економија
 

ЕУ и ИПА обуки за студенти

Секретаријатот за европски прашања (СЕП), во соработка со Проектот на ЕУ "Техничка поддршка за ИПА Центри за обуки", организира обуки за студенти на темата "Начела на политиките на ЕУ и ИПА". Обуката ќе се одржи во хотел Порта во Скопје, а сите заинтересирани студенти се покануваат да се информираат повеќе и да аплицираат на следниот линк.

Отворен ден на ФБЕ


Наставниот тим и студентите на Факултетот за Бизнис економија ве покануваат да нè посетите на отворениот ден што ќе се оддржи на 21-ви август (среда).

Повеќе...

Промена на локацијата на „Факултет за бизнис економија“



Почитувани студенти, идни студенти и посетители на нашата веб страна,

Со големо задоволство Ве известуваме дека Факултетот за бизнис економија направи промена на локацијата и од 01 Јули 2013 година можете да не најдете на адресата ул. „3-та македонска бригада“ бр. 66А на I-виот кат (во истата зграда каде што е сместен и Американ колеџ).  

Телефонските броеви и е-маил адресите остануваат непроменети.

Службата за студентски прашања ќе остане да работи на предходната локација, на ул. „Коста Новаковиќ“ бр. 8 до крајот на септември 2013 год.

Консултациите со предметните предавачи ќе се изведуваат во новите простории, започнувајќи од 03 Јули 2013 год.

 

Факултет за бизнис економија

“Факултет за бизнис економија” го објави конкурсот за запишување на студенти на додипломски студии во академската 2012/13 година.

Врз основа на член 108 од Законот за високо образование (“Службен весник на РМ бр.35/2008) ВСШ „Факултет за бизнис економија“ - Скопје, објавува

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВ ЦИКЛУС И ТРАНСФЕР НА СТУДЕНТИ НА ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ ВО УЧЕБНАТА 2012/2013.