Студенти
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Студенти

Национална завршна конференција на проектот „Воведување на современи методи на учење во Македонија со употреба на италијански искуства“

 

На 13 октомври 2020 година се одржа Национална завршна конференција на проектот „Воведување на современи методи на учење во Македонија со употреба на италијански искуства“ во организација на Факултетот за бизнис економија Скопје (ФБЕ).

Гостинско предавање на проф.Слаѓана Стојановска на Економскиот Факултет во Подгорица


Со цел зајакнување на меѓународната соработка и програмата за мобилност, во рамките на програмата CEEPUS, проф. д-р Слаѓана Стојановска, од Факултетот за бизнис економија од Скопје, на 25 ноември 2020 година, одржа онлајн предавање на студентите на Економскиот факултет од Подгорица, Црна Гора.

Распоред за прв колоквиум

 

Распоред за ноемвриска сесија

Распоредот можете да го погледнете на следниот линк.

Меѓународна конференција за општествен и технолошки развој - СТЕД 2020


 

На 9ти и 10ти октомври 2020 година се одржа IX Меѓународна конференција за општествен и технолошки развој - СТЕД 2020 во Требиње, Босна и Херцеговина.

Учество на студентите на ФБЕ на меѓународна конференција

 

Студентите од 4та година на Факултетот за бизнис економија активно ја започнаа и оваа академска година со учество на меѓународната конференција International Academic Conference za Contemporary Discussions and Social Science Studies.

Избор на студентско собрание

Почитувани студенти, одлуката за распишување на избори за студентско собрание може да ја видите на следниот линк. 

Распоред за октомвриска сесија

Ве информираме дека Октомвриската испитната сесија ќе започне од 13 Октомври 2020 година (Вторник). Распоредот за полагање можете да го погледнете на следниот линк.

Пријавувањето на испитите е на 08 октомври 2020 година од 10.00-11.00 часот.

Според протоколот на пријавување на испитите ќе морате само во тој ден да дојдете и да ги пријавите, односно да доставите уплата и пријава. Во Амфитетар ќе бидат оставени пријавите на секое столче ќе има пријави, обележани се со броеви столчињата. Пријавите и уплатите ги оставате на столчињата каде сте ги пополнувале пријавите. Во службата на студентски прашања не ги оставате. Воедно Ве информираме дека професорите можете само да ги контактирате на маил.

НАПОМЕНА: задолжително треба да носите маска, ракавици и пенкало за пополнување на пријавата. Пред влезот имате поставено дезинфекциони брисачи за чевлите и пред влезот во амфитетар исто повторно имате поставено за брисачи за чевлите.

Доколку не доставите на време во точно определен час нема да можете да полагате испити.

Воедно Ве замолуваме да ги следите упатствата за заштита и да нема групирање пред Факултетот, односно пред и после пријавување на испитите.

Полагањето на испитите ќе се одвива онлајн според насоките кои на студентите им се пратени на мејл. Испитите ќе се одржуваат во деновите согласно распоредот на испити, додека за точниот час студентите ќе бидат  информирани ден пред испитот, од страна на предметниот професор.

Службата за студентски прашања и предметните професори, како и досега се достапни онлајн. За сите барања и консултации Ве молиме да ги контактирате истите преку мејл или некоја од достапните онлајн платформи.

Распоред за зимски семестар

 

Распоред за септемвриска сесија - втора декада

Ве информираме дека Септемвриската испитната сесија ќе започне од 16 Септември 2020 година (Среда). Распоредот за полагање можете да го погледнете на следниот линк.

Пријавувањето е од 01-02 септември, 2020 год.

Полагањето на испитите во Септемвриската  сесија ќе се одвива онлајн според насоките кои на студентите им се пратени на мејл. Испитите ќе се одржуваат во деновите согласно распоредот на испити, додека за точниот час студентите ќе бидат  информирани ден пред испитот, од страна на предметниот професор.

Службата за студентски прашања и предметните професори, како и досега се достапни онлајн. За сите барања и консултации Ве молиме да ги контактирате истите преку мејл или некоја од достапните онлајн платформи.

 

Страница 3 од 23

3