Студенти
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Студенти

Онлајн обуки за јакнење на вештините на матурантите

 

ФАКУЛТЕТОТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА Скопје организираше повеќе онлајн обуки во областа на бизнис економијата.

Допис до Влада за финансиска поддршка на студенти

 

Конференцијата на приватни високообразовни установи (КПВУ), во која членува и Факултетот за бизнис економија, побара од Владата да се измени Уредбата објавена во “Сл. весник на РСМ“ број 137/2020 согласно која финансиска поддршка можат да имаат само редовните студенти на државните универзитети. Со оваа Уредба се доведуваат во нерамноправна положба студентите на приватните високообразовни установи, иако Законот за високото образование не прави разлика помеѓу студенти на државни и приватни високообразовни установи.

Бидејќи Уредбата ги дискриминира  студентите на приватните високообразовни установи и ги доведува во нееднаква положба, без да постои за тоа уставна ниту законска основа, од Владата се побара да направи измена и дополнување на Уредбата со цел да бидат опфатени и студентите на приватните високобразовни установи  како корисници на финансиската поддршка.

Документот може да го видите на следниот линк. 

 

Распоред за јунска сесија

Почитувани студенти,

 

Ве информираме дека Јунската испитната сесија ќе започне од 11 Јуни 2020 година (Четврток). Распоредот за полагање можете да го погледнете на следниот линк.

 

Пријавувањето на испитите е online (со доставување уплатите на мејл и со наведување на називот на испитот кој се пријавува). Пријавувањето е од 02-04 јуни, 2020 год..

Полагањето на испитите во Јунската сесија ќе се одвива онлајн според насоките кои на студентите им се пратени на мејл. Испитите ќе се одржуваат во деновите согласно распоредот на испити, додека за точниот час студентите ќе бидат  информирани ден пред испитот, од страна на предметниот професор.

 

Службата за студентски прашања и предметните професори, како  и досега се достапни онлајн. За сите барања и консултации Ве молиме да ги контактирате истите преку мејл или некоја од достапните онлајн платформи.

 

Конкурс за упис во академската 2020/21

 

Факултетот за Бизнис Економија (ФБЕ) Ви нуди четиригодишниот додипломски  студии во областа на бизнисот и економијата и претставува одлична можност кандидатите да се стекнат со квалитетно знаење на еден од четирите модули

Заклучоци од првата виртуелна меѓународна конференција „Економски предизвици на државите на ЈИЕ после пандемијата на корона вирусот“

 

На 27.04.2020 година се одржа првата виртуелна меѓународна конференција „Економски предизвици на државите на ЈИЕ после пандемијата на корона вирусот“ чијшто организатор беше Факултетот за менаџмент Херцег Нови, а Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис економија, меѓу другите, беа коорганизатори.

Продолжување на рокот за трудови за Списание за одржлив развој

 

Уредувачкиот одбор на Списанието за одржлив развој го продолжува рокот за публикување на трудови за 24-тиот број на списанието.

Онлајн гостинско предавање на д-р Ристо Иванов на Факултет за бизнис економија

 

Во рамките на онлајн наставата на Факултет за Бизнис економија гостинско предавање имаше д-р Ристо Иванов, на тема Дигитален маркетинг со практични примери.

ФБЕ и ИБЕ коорганизатори на виртуелна меѓународна конференција

 

Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис економија се коорганизатори на првата виртуелна меѓународна конференција „ЕКОНОМСКИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЈИЕ ПОСЛЕ ПАНДЕМИЈАТА НА КОРОНА ВИРУСОТ“ која ќе се одржи на 27.04.2020 год. (Понеделник) во 12 часот.

Препораки за работа во вонредна состојба

Почитувани,

Во врска со препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, како и врз основа на препораките на Владата на Република Северна Македонија, за заштита на населението од вирусот Ковид-19 и за превенција од ширење на вирусот, стручната и административна служба на Факултетот ќе може да ја контактирате електронски на e-mail адреса:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Одложување на Меѓународната недела и конференција

Почитувани, со оглед на новонастанатата ситуација со COVID-19, донесена е одлука за одложување на терминот за одржување на Втората меѓународна недела и Меѓународна конференција во рамките на Еразмус + програмата

Се одложува терминот на одржување на Втората меѓународна недела во рамките на Еразмус + програмата кој беше закажан за периодот од 04.05.2020 година до 08.05.2020 година, како и терминот за Меѓународната конференција од 07.05.2020 на 03.09.2020 година.

Новиот термин за одржување на Втората меѓународна недела е закажан за период од 31.08.2020 година до 04.09.2020 година.

Страница 5 од 23

5